Добри се Бразил, овој коментаторов кажа дека биле трети фаворити за титула ама ќе видиме, јас не верувам да освојат. Варежао, Сплитер, Барбоса, Нене тие се од НБА. Франција без Паркер нели и малце потешко им беше без добар плеј, нема некој да ги разигра, не дека се лоши овие сега ама Паркер е еден , Батум добро играше ама мора и другите да се разбудат.Ме изненади Аргентина иако ги пратам доста време не очекував толку добро издание со оглед на смена на генерации и без Џинобили. Ночиони не може ако не спука серија од 3-4 обиди за тројка кога ќе влезе, појако е од него, мора да шутира па макар и ниеднаш да не погоди
Бразил не ја гледав ама гледам тесно било и малку поени паднале, имаат мислам 5-6 НБА играчи така да може да догураат далеку...
Иначе САД - Финска, типувам +30 за американциве.