Лошење при патување

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Проблемов го имам од кога памтам за себе си. Во мојот случај ситуацијата е толку лоша, што понекогаш ми се случува да добијам нагон за повраќање дури и кога се возам во градски автобус. Знам дека постојат апчиња, ги имам користено. Пред некој ден кога патував до Охрид, се напив апче и повторно еден период чувствуват голем нагон. Значи, не помагаат секогаш или барем, не целосно.

1.jpg

Единствено што имам забележано што дефинитивно помага е стискање на пулсот кај раката. Користам и од оние стегачи, а понекогаш и кога тие не помагаат, рачно стискање. Но, и тоа е само привремено решение.

2.jpg

Споделувајте искуства и совети.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Пред две години јас имав проблеми со ова, користев Драмина таблети пред да тргнам на пат и ми помагаа. После тоа едноставно исчезна проблемот.
 

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Јас лично го немам овој проблем,али сепак мислам оти без апчиња тешка работа за патување.
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Кога одев накај Бугарија пред 6 дена .. ми се лошеше премногу во комбето .. дури и нагони имав 5 - 6 пати. Ни апчиња ни ништо не ми помага мене :D За пулсот не сум пробал, ќе го пробам утре кога ќе се враќам назад :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous and Prashina

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,410
1,133
www.crnobelo.com
Ти се лоши кога патуваш без исклучок на околностите?
Мене на пример ми се лоши ако читам додека се возам, или седам во автобус назад и не го гледам патот.
Во принцип ако седам „мирен“ и се фокусирам на некоја точка напред, неам гајле - можеш да пробаш :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Ти се лоши кога патуваш без исклучок на околностите?
Мене на пример ми се лоши ако читам додека се возам, или седам во автобус назад и не го гледам патот.
Во принцип ако седам „мирен“ и се фокусирам на некоја точка напред, неам гајле - можеш да пробаш :)

Их, не дај боже да земам да читам. Иначе, кога гледам напред во патот, ми помага премногу. Обично така се спасувам. :zelen
А понекогаш ме фаќа и едно грдо чувство, некаква паника и нервоза. Не знам како да објаснам... Многу пати ми се има и случено да почнат "мравки да ме лазат", скоро како пред онесвестување.
 

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,410
1,133
www.crnobelo.com
Их, не дај боже да земам да читам. Иначе, кога гледам напред во патот, ми помага премногу. Обично така се спасувам. :zelen
А понекогаш ме фаќа и едно грдо чувство, некаква паника и нервоза. Не знам како да објаснам... Многу пати ми се има и случено да почнат "мравки да ме лазат", скоро како пред онесвестување.
Тоа веќе ми звучи како напад на анксиозност.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Blueberry

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Мала кога бев, во кола да ме качат за 10мин. вожња, тоа беше црева истурање веќе наредната минута.
Мене очигледно највеќе ми пречеа „освежувачите“, оние елки со мирис на устоена, фашистичка Бугарија. Уште па комбинација во лето на вжештен, застоен воздух, сакаш ли ми ти повраќање во далечина со пречки. Сега воопшто го немам тој проблем...пу, пу.
Само што сакав да го предложам гледањето напред, тоа многу помага. Ладна вода при себе, не мора за пиење ако осеќаш дека ќе ти се приповрати, туку челото т.е. слепоочниците и образите разлади ги. Лути мастики такоџе. Книга/списание или лепеза за разладување ако нема прозор во близина. Ако е подолг пат, а без можности за пауза кога ти треба, затвори очи и фокусирај се на дишењето. Ефективна техника е кратко вдишување (2сек.), подолго издишување (4-5 сек.). При вдишување сум приметила дека стомакот ми беше понапнат, затоа, што пократко-тоа подобро.
Плус, го оттрга мозокот од помислата „Леле, ќе повратам“.
Source: Паталец.:zelen
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Јас го имам овој проблем од секогаш мојот рекорд на нагони е дури шест пати кога патувам накај Бигорски и за Оџрид исто и накај всело кога одам значи насекаде среќа градов е мал па нема потреба од градски автобус,а инаку за решение користам апчиња а ова со стискање на пулсот прв пат читам можда ќе функционира кај мене повеќе,а најмногу ми се лоши ако користам мобилен т.е ако гледам надоле дури и понекогаш гледам напред ама не помага секогаш..
 

Holla

Истакнат Член
17 јуни 2014
162
90
338
Види, не знам колку ќе ти помогне .. али пробај алкохол .. па едно поголема количина пред самото патување ..
Значи 100% ке ти се гади али барем 100% ќе бидеш сигурен од што ти се гади .. бар ке знаеш кај е проблемот ..
Ако помогне пиши ми да се напиеме по една за доброто решение
-Нема проблем (pivo)