За да ја примениш содржината на тие книги треба цврста дисциплина и акција.
Кога еднаш ќе почнеш со такви
книги,не можеш да престанеш.Постанува како завист.Мислиш не знаеш доволно,па дај уште една книга,дај уште една.И на крајот доаѓаш до заклучок дека сето тоа е срање кое не ти е потребно и во кое се врти едно та исто,а и дека воошто немаш такви проблеми како што мислиш дека имаш.
Понекогаш ние луѓето(многу често дури)од мува правиме слон.
Сета таа теорија е заборавена кога се наоѓаме во некоја ситуација за која сме читале.
На пример мој проблем беше социјална фобија.Изначитав тони совети,книги и бла-бла кои мислев ќе ми помогнат да го совладам тоа.Колку повеќе се обидував да ги следам тие совети толку понеспособна бев да го совладам сето тоа.
И ништо од тоа прочитаното не ми помогна,туку самата најдов начин да се справам и сеуште се справувам со таа социјална фобија.
И чинам секој од нас е способен да напише таква книга,да направи пари со тоа.
Да ја земеме Луис Л.Хеи со нејините позитивни афирмации..
На милиони луѓе им го променила животот.
Но дали е тоа тоа?
До некаде е важно позитивното размислување,но здраво позитивно размислување,а не лажење на самите себе.
Како пример ќе земам човек кој е болен од рак и на кој му остануваат уште три месеци од животот..
Колку и да повторува во себе дека е здрав,дека нема рак,дека нема да умре,дека нема болки
останува фактот дека тоа е филм кој си го прави.
Нека повторува позитивни афирмации колку сака,реалноста изгледа поинаку.
Можеби ќе си олесни самиот себе со тоа што ќе научи да ја прифати ситуацијата гледајќи на сето тоа од еден друг агол,но со афирмациите нема ништо да постигне.
И сите тие такви книги чинам само го збунуваат човекот и го прават позагубен него што изгледа во моментот.
Може да се научи многу за причините зошто тоа(одредена ситуација)се случува,но да би помогнале сите тие книги потребна е дисциплина,волја
и акција.
А и не сите книги помагаат.