1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Модерна психологија

Дискусија во форумот 'Здравје и состојба на духот' започната од diva orhideja, 3 август 2014.

  1. diva orhideja

    diva orhideja Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    26 февруари 2014
    Мислења:
    2,220
    Допаѓања:
    1,746
    Под поимот модерна психологија мислам на литературата од видот на Како да бидете среќни,Зголемата ја самодовербата,Отворете го умот и др.книги со вакви слични содржини и упатства.Мислите ли дека вистина е , ако ја прочитате на пр.книгата За подобро утреили Победи ја тремата,можете одма да излезете на улица,нов,гланц препороден човек,или како на пр.во шума ви доаѓа мечка а вие го заборавате насловот на книгата а камоли содржината?Помагаат или одмагаат воопшто вакви психолошки книги?Од мое искуство од прочитаните ваквни книги,имам само стекнато знаење,но во пракса никако да успеам да применам нешто.
     
  2. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Одговорот сам се наметнал :)
     
  3. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Вакви „просветленички“ книги не можам ни да пробам да ги читам. За мене се тешки глупости за лесни пари.
     
    На MoonFairy, Makedonec и Farfalla им се допаѓа ова.
  4. diva orhideja

    diva orhideja Член со 30 казнени поени

    Зачленет на:
    26 февруари 2014
    Мислења:
    2,220
    Допаѓања:
    1,746
    Бев инспирирана од @malo за темава,не дека сите книги се за у кош,има и стварно кои делуваат на психата,но додека ги читаш,после брзо се забораваат.
     
  5. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    За да ја примениш содржината на тие книги треба цврста дисциплина и акција.
    Кога еднаш ќе почнеш со такви
    книги,не можеш да престанеш.Постанува како завист.Мислиш не знаеш доволно,па дај уште една книга,дај уште една.И на крајот доаѓаш до заклучок дека сето тоа е срање кое не ти е потребно и во кое се врти едно та исто,а и дека воошто немаш такви проблеми како што мислиш дека имаш.
    Понекогаш ние луѓето(многу често дури)од мува правиме слон.
    Сета таа теорија е заборавена кога се наоѓаме во некоја ситуација за која сме читале.
    На пример мој проблем беше социјална фобија.Изначитав тони совети,книги и бла-бла кои мислев ќе ми помогнат да го совладам тоа.Колку повеќе се обидував да ги следам тие совети толку понеспособна бев да го совладам сето тоа.
    И ништо од тоа прочитаното не ми помогна,туку самата најдов начин да се справам и сеуште се справувам со таа социјална фобија.
    И чинам секој од нас е способен да напише таква книга,да направи пари со тоа.
    Да ја земеме Луис Л.Хеи со нејините позитивни афирмации..
    На милиони луѓе им го променила животот.
    Но дали е тоа тоа?
    До некаде е важно позитивното размислување,но здраво позитивно размислување,а не лажење на самите себе.
    Како пример ќе земам човек кој е болен од рак и на кој му остануваат уште три месеци од животот..
    Колку и да повторува во себе дека е здрав,дека нема рак,дека нема да умре,дека нема болки
    останува фактот дека тоа е филм кој си го прави.
    Нека повторува позитивни афирмации колку сака,реалноста изгледа поинаку.
    Можеби ќе си олесни самиот себе со тоа што ќе научи да ја прифати ситуацијата гледајќи на сето тоа од еден друг агол,но со афирмациите нема ништо да постигне.
    И сите тие такви книги чинам само го збунуваат човекот и го прават позагубен него што изгледа во моментот.
    Може да се научи многу за причините зошто тоа(одредена ситуација)се случува,но да би помогнале сите тие книги потребна е дисциплина,волја
    и акција.
    А и не сите книги помагаат.
     
    #5 Lena, 3 август 2014
    Последна промена: 3 август 2014
    На MoonFairy, cakar_ulav, Electra и уште 1 член му се допаѓа ова.
  6. corki

    corki Староседелец

    Зачленет на:
    21 декември 2013
    Мислења:
    542
    Допаѓања:
    448



    Ти колку и да читаш такви книги не верувам дека ќе ти помогнат,моќта на подсвеста помага доколку се има цврста вера и вољја во тоа што сакаш да ти се случи,и јас лично верувам во таквата моќ на подсвеста,па зарем на нокого му се нема случено во живот,некоја случка да му се реализира,кој предходно си помислил на истата.Џозеф Марфи ги има објаснето ваквите феномени кој што ние и не сме доволно свени дека постојат.
     
  7. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    Што е "моќта на подсвеста"?
    Ако ти замислуваш постојано една случка значи визуализираш.
    Не визуализираш подсвесно,туку свесно визуализираш.
    Зошто замислуваш свесно?
    За да ја скриш шемата на подсвеста и наново ја програмираш.
    За да би можел тоа да го направиш треба прво несвесноте работи да ти станат свесни.
    Да не навлегувам многу во сето тоа,не сум ја прочитала таа книга и немам намера да ја прочитам,насловот ми кажува доволно.
    Веќе напишав горе дека да би се промениле некои работи треба акција и дисцплина,а не само размислување и читање на темата на некоја проблематика.
    Книгите колку знаат да помогнат,толку знааат и да те остават да тапкаш во место.
    Соте тие писатели(најчесто се тоа американците) се основаат на законите на будистите,шаманите,јогините итн.
    Има добри книги,не викам не,меѓутоа има и премногу ѓубре на пазарот на книги на м.психологија.
    И не се што ќе прочитаме треба да земеме здраво за готово.
     
    На BlackTulip, diva orhideja, corki и уште 1 член му се допаѓа ова.
  8. corki

    corki Староседелец

    Зачленет на:
    21 декември 2013
    Мислења:
    542
    Допаѓања:
    448


    ниту пак јас не сум некој занесеник по таквите книги,но тоа што го напишав,е моето искуство.
     
  9. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    Штом во нешто веруваш,значи тоа нешто за тебе е вистина.
    А феномени за кои не знаеме дека постојат...подобро е некогаш тие "феномени" да ги оставиме непостоечки,да не би се забегало во некоја несакана насока.
    Затоа внимателно со верувањата ;)
     
  10. corki

    corki Староседелец

    Зачленет на:
    21 декември 2013
    Мислења:
    542
    Допаѓања:
    448



    па фала богу,штом верувам значи дека постојам и вистински постојам,а феномен реков дека феномен значи,појава која што секое појавување може да се прати а феномени постјат и во физиката,значи секоја физичка појава представува движење на материјата ,меѓутоа не секое движење е физичка појава.Под физичка појава се подразбира тоа движење на материјата кои ни се на нас битни за суштинското разбирање помеѓу мене и тебе.;)
     

Сподели: