Убава земја е Турција. Истанбул на пример има места кои вреди да се видат.
Аја Софија е преубава, изградена уште во 6тиот век па после претворена во џамија и од 1935 во музеј. Исто така и Сината Џамија е убаво место, не е музеј како Аја Софија но сепак вреди да се посети и да се влезе внатре.
Капали чаршијата исто е убава, има премногу гужва ама не е лошо да се влезе и да се прошета низ чаршијата.
За надвор од Истанбул може да се отиде до Ефес и да се посети римската библиотека заборавив како се викаше а и не е ни битно
.
За плажи и море се знае каде се оди, мене на пример бидејќи не ме влечат плажите толку попрво би ги посетил овие историски места.