Победниците од групите во четвртфинале . Франција - Германија би требало да е тесна утакмица, според мене тој што ќе победи би бил во финале. Аргентина се мачеше на сите утакмици, треба веќе да проработи нападот за да не се вадат во последните минути, мене ми е една од поомилените репрезентации ама мислам дека тежок и е патот до финалето. Белгија видовме што може, играчите иако не се искусни толку сепак направија супер резултат, четвртфинале на светско не е мала работа. Холандија, репрезентацијата која има дадено еден куп јаки играчи сеуште е без светско злато. Ќе видиме дали ќе остане тоа така или можеби ова светско е нивно, јас посакувам никогаш да не освојат . Ајде барем од утре па до крај да не видиме пенали и глумење.