Телема

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
:(

Ова е проблем во поголемиот дел од религии и верувања,кога одредена група присвојува и единствено таа има екслузивитет да застапува одреден бог,а во случајов, волја.
На форумот постојат модератори кој доколку сметаат дека сум прекршил некое правило може слободно да ме казнат или банираат од темата.
Но највероватно ти истата не си ја отворил за да водиш монолог или грешам.:(
Се согласувам со тебе дека присвојувањето и ексклузивитетот се апсурдни кај поголемиот број религии и верувања. Тоа е бидејќи верувањето не е Знаење, не е Сознание, верувањето е лична убеденост.
Но! во овој случај не станува збор за "поголемиот број на религии и верувања", бидејќи за разлика од тој поголем дел, овде верувањето неигра никаква улога. Телемата е систем за кој се потребни искуства и пракси за да може да ја разбереш. Тоа и е причината поради која не е само филозофија. Таа вклучува јога, магика, дивинација....практични техники, со кој треба да се осознае тоа што се зборува. Со оглед на тоа, кога некој самиот за себе ќе каже дека телемата не е нешто во кое тој се пронаоѓа, самиот се исклучува од тоа право да одговара на прашања во врска со неа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Безпотребно ке биде секое објаснување,премногу ми е тешко да разбирам,ми треба малку повеке знаење за да можам да се впуштам во дијалози.Утре ке најдам и ке читам,и се надевам дека малку ке ми влезе нешто во оваа моја глава а толку изгледа комплицирано.
Живеј и остави другите да живеат. Телемата во својата најсуштинска и најпроста верзија. Најди го тоа што ќе ти даде смисла на твојот живот и практикувај го, при тоа не им го попречувај истото на другите и не се замарај со туѓите животи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253

Јас си ја најов смислата на животот,но тие поред мене и со мене,па и моите деца ме ометаат во исполнувањето на таа смисла,тоа е и прашањето како да се избориш и продолжиш са такви сметала.
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Се согласувам со тебе дека присвојувањето и ексклузивитетот се апсурдни кај поголемиот број религии и верувања. Тоа е бидејќи верувањето не е Знаење, не е Сознание, верувањето е лична убеденост.
Но! во овој случај не станува збор за "поголемиот број на религии и верувања", бидејќи за разлика од тој поголем дел, овде верувањето неигра никаква улога. Телемата е систем за кој се потребни искуства и пракси за да може да ја разбереш. Тоа и е причината поради која не е само филозофија. Таа вклучува јога, магика, дивинација....практични техники, со кој треба да се осознае тоа што се зборува. Со оглед на тоа, кога некој самиот за себе ќе каже дека телемата не е нешто во кое тој се пронаоѓа, самиот се исклучува од тоа право да одговара на прашања во врска со неа.
Добро,барем во едно сме согласни.:)
Но и во овој случај,волјата е составен дел од секој човек,па не може истата да се присвојува,а јас токму за неа дадов свое видување.Сепак,сметам дека не е на одмет да се слушнат различни гледишта за тоа што е волја,ама гледам ти се стави во одма во позиција да браниш нешто што не може да се присвојува. :(
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Интересна ми дојде Телемата,ете повторно си читам понешто,и криво ми е што не дознав за предавањето во Даре Џамбаз на време,сигурно би отишла.Колку што разбрав,во Телемата не постои лош,зол човек,но како ке реагираш ако некој те навредува,силува,те ограничува со нешто или ти дава наредби за нешто што тебе не ти се допаѓаат.Друго што сакам да прашам е дали ти би сакал да имаш деца Телемисти земајки го во предвид нивното филозовско мислење за животот?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Добро,барем во едно сме согласни.:)
Но и во овој случај,волјата е составен дел од секој човек,па не може истата да се присвојува,а јас токму за неа дадов свое видување.Сепак,сметам дека не е на одмет да се слушнат различни гледишта за тоа што е волја,ама гледам ти се стави во одма во позиција да браниш нешто што не може да се присвојува. :(
Не присвојуваме, само ви кажуваме дека сте богови со своја чиста волја, дел од бесконечноста и дека смртта и гревот се глупости на старо-еонските учења! :)
Ви кажуваме дека Законот на Телема е закон со четири зраци обединети преку еден Закон !
Дали ќе ви биде философски, научен религиозен или се во едно - зависи од вас самите и вашето разбирање !

Еден ден, кога ќе дојде новиот Еквинокс на Боговите, ќе падне и Законот на Телема !
Јас сум 20 години телемит и проучувач на мистериите и сеуште пронаоѓам нови нишки кои ги додавам на мојот систем изграден макотрпно низ годините...

И друго: научете дека Законот не дојде од О.Т.О. ! Убаво пишува на официјалната страница на Редот !!! Од друго место е изворот на овој Закон и овој Еон, каде што се е игра и искуство... и смеа, нормално !

П.С. Се може да е препрека кон спознанието, дури и децата и жената и целото семејство... Па и Исус како голем иницијант на стариот еон рече да се напушти семејството бидејќи ќе ви засмета во даден момент кон божественото... потребно е меѓусебно разбирање и надминување... кога се објаснуваат работите добро, се добро завршува...
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Интересна ми дојде Телемата,ете повторно си читам понешто,и криво ми е што не дознав за предавањето во Даре Џамбаз на време,сигурно би отишла.Колку што разбрав,во Телемата не постои лош,зол човек,но како ке реагираш ако некој те навредува,силува,те ограничува со нешто или ти дава наредби за нешто што тебе не ти се допаѓаат.Друго што сакам да прашам е дали ти би сакал да имаш деца Телемисти земајки го во предвид нивното филозовско мислење за животот?
Доколку некој ти го оспорува, ограничува или забранува правото да бидеш тоа што си, тогаш имаш право да се бориш и да го оствариш правото што ти следува. Интересно е да се види дека денес тоа е нешто кое луѓето го земаат здраво за готово, посебно во цивилизираните земји со демократско уредување, но пред еден век не било баш како што е денес. Жените ја немале рамноправноста што ја имаат денес, исто како и хомосексуалците....расната дискриминација, ропството, правата на работниците, слободата на говор и слично сеуште биле само сон на слободоумните.
Новиот Еон на Хорус е Еон на слободата, Еон на Индивидуата, Еон каде ограничувањата од минатото се повеќе и повеќе ја губат својата моќ и влијание.
 
Ајме мени,на стари години се осетив необразована и неука,многу зборови овде ми се непознати што ги пишуваш,и наспроти тоа се повеке ме интересира да читам за телема.Што е тоа Еон,кој е Хорус,или да си го земам Кувар(книгата)и правац вкујна?Нема да се откажам,интересно ми е,и не ми одговори на прашањето дали би сакал да имаш деца кои практикуваат Телемистички живот.Поздрав беше 93 !
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Ајме мени,на стари години се осетив необразована и неука,многу зборови овде ми се непознати што ги пишуваш,и наспроти тоа се повеке ме интересира да читам за телема.Што е тоа Еон,кој е Хорус,или да си го земам Кувар(книгата)и правац вкујна?Нема да се откажам,интересно ми е,и не ми одговори на прашањето дали би сакал да имаш деца кои практикуваат Телемистички живот.Поздрав беше 93 !
Еон е временски интервал, во телемата претставува период каде свеста била на одредено квалитативно ниво, симболизирано преку одредено египетско божество. Од 1904-та година па навака, е Еонот на Хорус или - Новиот Еон (кликни на линкот за подетално). Предходните Еони биле на Изида (време на матријархатот, период кога луѓето биле свесни и го обожувале материјалното), потоа следи Еонот на Озирис, времето на "умирачките богови" период кога се појавуваат монотеистичките религии на јудеизмот, христијанството и исламот (време кога луѓето се приклонуваат кон духовното за сметка на материјалното).
Еонот на Хорус е спој на предходните два, симбиоза на материјалното и спиритуалното, нова парадигма, нов степен во квалитетот на спознавањето.

П.С. За термините што не ти се јасни, оваа страница може да ти биде сосема корисна: Thelemapedia

не ми одговори на прашањето дали би сакал да имаш деца кои практикуваат Телемистички живот.Поздрав беше 93 !
Секако дека би сакал, но последниот збор за таа одлука ќе биде нивниот.
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Не присвојуваме, само ви кажуваме дека сте богови со своја чиста волја, дел од бесконечноста и дека смртта и гревот се глупости на старо-еонските учења! :)
Ви кажуваме дека Законот на Телема е закон со четири зраци обединети преку еден Закон !
Дали ќе ви биде философски, научен религиозен или се во едно - зависи од вас самите и вашето разбирање !

Еден ден, кога ќе дојде новиот Еквинокс на Боговите, ќе падне и Законот на Телема !
Кажи му го тоа на твојот колега,според него никој што не припаѓа на о.т.о и не се препознава во телема не треба да коментира за волјата.
Таа и припаѓа на телема и никој друг нема право на нејзе.:(

Во врска со болдираното.
Имаш огромен пропуст,помеѓу човек и бог има огромна разлика,поточно кажано е,
човек е "јајце од кое ќе се изведе бог",а тоа е огромна разлика.
И,најнапред станете вие богови,па после кажувајте кој е што.
Вака кажано е повеќе како верување,наместо доживување.

п.с. Еден ден е идно време,само за човек постојат временски термини за бог не!