Се мислев каде да ја сместам темава дали во здравје дали во религија..
Имав слушнато и читано за машко обрежување, и секако го оправдувам кога е потребно од медицински причини доколку детето има фимоза или уринарни инфекции..
Но неодамна налетав на статија за женско обрежување за кое прв пат тогаш и слушнав и навистина се згрозив од тоа што го прочитав.
Според проценките, во целиот свет, помеѓу 100 и 157 милиони жени и девојчиња се погодени од женско обрежување. Секоја година се придодаваат околу два милиона девојки. Значи, дневно се обрежуваат околу 6000 девојчиња. Обрежувањето кај девојчињата не може да се спореди со она кај момчињата, бидејќи воопшто причинува огромно оштетување на сексуалните органи и многучесто има долгорочни влијанија врз здравјето. Поради ова може да кажам дека е процес на осакатување на гениталиите. Притоа зафатот се изведува со најразлични инструменти како жилет, ножици, ножеви и срчи. Се извршува најчесто без каквабило анестезија и дезинфекција, понекогаш се користат природни лековити средства. Осакатувањето го вршат бабици или стари жени, поретко машки свештеници или бербери. Возраста на девојчето, по правило, е меѓу 4 и 8 години.
Има многу различни форми:
-бодење, засекување или отстранување на кожичката на клиторисот
-делумно или целосно отстранување на клиторисот
-отстранување на делови или цел клиторис, како и дел или цели внатрешни срамни усни
-отстранување на клиторис, внатрешни срамни усни, внатрешен слој од надворешни усни. Преостанатиот дел се шие со црево од мачка.
Обрежувањето честопати се потценува. Се поаѓа од либералистичката позиција дека не би требало да се мешаме во другите култури и традиции заради толерантност. За луѓето од страна е тешко разбирливо тоа што жените допуштаат оваа за нив штетна процедура, да се применува на нивните ќерки, бидејќи сакаат да ги зголемат можностите за мажење и можностите во животот на своите деца во својата култура.
Дефинитивно според мене ова е грозоморен чин, кој пред се е болен со огромен број на ризици отколку придобивки. Ова е процедура која остава психички и физички траги за целиот живот на жената, редно време е да се подигне свеста на заостанатото општество со цел да се стави крај на овој чин во кој жената добива само болка. Доколку по сплет на околности сум се нашла во мрежата на оваа традиција можам да кажам со сигурност дека не би го дозволила ова.
Што мислите вие за овој чин, дали доколку сте биле дел од оваа традиција би го дозволиле ова на вашите ќерки?