Имате 30 минути да наполните 1 куфер и да ја напуштите куќата, што ќе ставите?

Glory

Истакнат Член
8 септември 2013
27
13
103
Она што се случува во регионот сите нè погодува и ни дава чувство на емпатија како нам да ни се случува. Природните непогоди можат секому да се случат, па кога веќе гледаме што се случува околу нас, нормално е да помислиме што би правеле ние во таква ситуација. Никој не посакува и не сака да замисли дека треба да го напушти својот дом, но понекогаш тоа е неопходно.
Во големата паника треба да се мисли и на нaјнеопходното што може да се понесе само во 1 куфер. Времето е кратко. Треба да ги ставите најважните и најпотребните работи. Можеби нема место и за најомилените. Без што може да преживеете, но жал ви е да го оставите?

Што ќе ставите во вашиот куфер?
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Би ги ставила најпрво сите слики,сите спомени што ми се од емоционално значење,барем да си го сочувам минатото за во иднината.
А потоа би се префрлила на најбитните и најнеопходните материјални ствари што успеам да соберам за тоа време.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Го вадам чудово од гаража и фурам 88 миљи на час and beyond.

d0ef_back_to_the_future_mark1_delorian.jpg


Не знам баш зошто половина час, освен бомбардирање со авиони, цунами или нуклеарен напад не знам каква фрка би давала баш толкаво време за реакција (think)
Ако се мисли на поплава има многу повеќе од половина час, е сега ако системот за звучна узбуна е сјебан, медиумите го дрват со моронштини а дождот кој паѓа веке прилично време се гледа како шега тоа е друга работа, не 30 минути ќе дојдат и 30 секунди.

Среќа што балканот е сигурен од Цунами, за пола саат, пари, лични документи, евентуално нешто злато/накит, ако нешто се наоѓа прибор за прва помош, некој антибиотик и аналгетик не би било одвишно, вода и здрава облека.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Човек може да преживее без се’...освен без храна и вода...
Но, ако имам пола саат и еден куфер во него ќе ставам облека и обувки, златото, пари, лични документи, кутијата “први нешта“ од син ми, нешто храна, вода, некој лек...па горе долу тоа би било...а и толку може да собере во еден куфер :)
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
2-3 блузи, фармерки, пари колку-толку, четка за заби и заминувам.
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
Пари, омилени блузи и фармерки дуксерки и хигиенски средства :D
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
ова ме потсеќа на емисијата дај побрзај зашто ја прекинаа добра беше.
Иначе ја би си ги земала лаптопот со се полначот, два три пара алишта, паста за заби, четка за заби, парфем, бричеви за депилирање, пари колку што имам, личните карти, пасоши, ханзаплас, стерилни гази, завои, риванол, бетадин, алкохол 70%, па може и едно шише ракија, еден џебен нож, упаљач, кибрити, јаже за рипање, патики, апостолки, кетонал, аналгин, кафетин, фенер, грицки така повеќе и две три шишиња вода, ааа и најбитно чадор за цело време сонце да ми грее. :) Ако нешто сум заборавила ќе си додадам :)
 

Onkel

Староседелец
14 мај 2014
77
82
1,028
Ништо,кофер ко кофер празан...
Ке си лежам и ке си го слушам омиленото ми цеде, ке уживам во последните мигови во мојот дом,во мојот кревет.

Е да, заборавив. Нели е кОфер, а не куфер?
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Зависи колкав е коферот,но за 30 минути ке го испразнам цел регал,се разбира прво документи па после уште десетина кеси оние од ВЕРО