Сакам да кажам/Сакам да прашам

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Се прашувам колку г...а може човек да изеде за љубов?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Farfalla

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Морам да го прашам ова...
Пред некој ден ни почина една од најистакнатите личности во областа на книжевноста во Македонија, во овој 21 век. Како што Венко запиша во колумната... Почина последната жива енциклопедија...
Исто почина и еден македонски народен пејач...
За двајцата едвај можеа да се забележат две три програми, некои штури ретроспективи по телевизиите...
Пред некоја година го убија Факудно Кабрал - на македонските канали не кажаа ништо.
До кога бе луѓе... До кога ќе ни скапува културата затоа што телевизиските програми се преполни со некои владини реклами и турски серии па немаат место да пополнат со вистинска едукативна емисија, емисија за еманципација...
Нешто...нешто...
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно

За ова треба асален новинар,а од нашиве новинари направија политолози,некролози,специјалисти за црна хроника,трач муабети....
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
За ова треба асален новинар,а од нашиве новинари направија политолози,некролози,специјалисти за црна хроника,трач муабети....
Отвори било кој портал и ќе видиш секој што посакал, станал новинар,
со преведени текстови и не доразбрани пренесуваат погрешни информации и ставаат глупи наслови кои немаат врска со текстот само да привлечат внимание.
 
RoxieHeart

Староседелец
6 мај 2014
60
58
1,018
Inside your darkest fantasies.
Незнам колку е ова вистинското место да го истурам гневот насобран од малограѓанските муабети на нефункционалното општество. Не би избрала своеволно да бидам лидер на стадо идентични овци кои се декларираат себеси како индивидуи, само сакам да апелирам :

Дека светот не оди напред со ставот : Подржи ми го копилето да се посмеам на твоето.
Постојано негодувате за тоа дека сте главна тема на муабет кај озбурувачите. Залудно време трошите во обид да ги замолчите, вистинскиот независен човек не се интересира за одобрувањето на општеството за неговиот стил на живот.

Балканскиот менталитет континуирано ќе се движи во надолна линија се додека стереотипите и предрасудите манипулираат со луѓето.
Гледајте си го дворот, приметивте дека некој зјапа во вашиот затоа што ви се сретнале погледите на пола пат, If you know what I mean.
 
Frojda

Истакнат Член
2 септември 2013
58
26
118
Си чепкам низ минатото и сфаќам колку сум се сменила...на подобро, ама сепак ме фаќа некоја носталгија за времето кога бевме деца, кога не го разбиравме светот, кога бевме исплашени, збунети, зависни од други. Беше тоа некогаш...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
СДК String Forces.

Конечно можност за да им отидам на свирка и не се мислев воопшто. Ади не сум сретнал нешто каде учествувал, а не било добро почнувајќи од Јаболко За Даскалот завршувајќи со String Forces. Иако не е од првиот состав на бендот, перфектно се вклопува и на сцена звучи одлично. Благодарение на Дориан прв пат у живот видов chapman stick и прв пат слушнав во живо колку моќен инструмент е. Ќерката на Паско Кузман додава така добар шмек на цел тој збир од дисторзирани звуци и така добро знае да го трефне моментот и интензитетот со кој свири. Тапанарот врска неам кој беше ама беше одличен. Вокалот препознатлив, додади и флејта... милина. Вака добра свирка одамна немам слушнато.
 
Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Кога веќе спомнувате офтопици, можете да го избришите целиот форум. И онака е ишаран со се и сешто. Потоа немало луѓе. Е нема.

Инаку за тие што се оптоварени со владините реклами и турските серии на телевизија, да ги потсетам дека имаат алтернатива. Интернетот.
Ако јас чекав Латас да ме информира за портокалово-розовиот свет околу мене ќе свршев работа. Овој месец правам трета годишнина од скарувањето со телевизорот. Во три години ако имам гледано 5-6 часа телевизија. И тоа поважни натпревари на Челси (ЛШ).
Секој бира што ќе гледа денес. Никој не ве врзува да гледате реклами и серии.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Lady*