Сите знаеме што се сказни нели?
Приказни во кои се раскажува за некое предминато време, преполни со волшебни елементи, малку надреалистични.
Нема кој не ја погледнал Дизниевата верзија на Снежана, Пепелашка, Заспаната убавица (Трнорушка), Убавицата и ѕверот...и ред други.
Но, дали некогаш сте се запрашале, од каде потекнуваат тие?
Што всушност значат?
Јас да бидам искрен, никогаш не сум се запрашувал за вакви работи, сѐ додека еден така убав и прекрасен ден пред нешто ситно повеќе од една деценија не решив да се запишам на Филолошки факултет - "Македонска и јужнословенска книжевност“.
Таму, сите детски прекрасни волшебни приказни ми ги претворија во нешто друго: мотиви, пригодни за анализа, истражување, аспектирање.
Кон што ја водам нашава дискусија?
Еве ќе ја земам за пример Пепелашка.
Дали знаете дека првата верзија на запишана Пепелашка потекнува од 9ти век и тоа од Кина?
Знаете дека и ние тука имаме македонска верзија, која е длабоко по архаична од Пепелашка на браќата Грим?
Се сеќавате на уките-буките од пред некоја година на родителите во училиштата за да се исфрли таа верзија од програмата затоа што била неприфатлива?
Знаете ли зошто на секој јазик на кој е најдена верзија на Пепелашка, таа сепак во своето име длабоко го зачувала она основното: Пепелта? Зошто хероината секогаш е лоцирана во пеплиштето (огништето).
Не ве асоцира тоа на мајчинската утроба, од која Пепелашка (кое патем не ѝ е лично име) насилно е оттргната?
Ете, оваа нека биде тема, за да се кажат сите работи, кои длабоко врежани низ редовите на сказната: која патем пак ќе кажам има многу да каже.
Дали вие имате да кажете многу за неа?

Последна промена од модератор: