Сказните од еден поинаков агол

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Сите знаеме што се сказни нели?
Приказни во кои се раскажува за некое предминато време, преполни со волшебни елементи, малку надреалистични.
Нема кој не ја погледнал Дизниевата верзија на Снежана, Пепелашка, Заспаната убавица (Трнорушка), Убавицата и ѕверот...и ред други.
Но, дали некогаш сте се запрашале, од каде потекнуваат тие?
Што всушност значат?

Јас да бидам искрен, никогаш не сум се запрашувал за вакви работи, сѐ додека еден така убав и прекрасен ден пред нешто ситно повеќе од една деценија не решив да се запишам на Филолошки факултет - "Македонска и јужнословенска книжевност“.
Таму, сите детски прекрасни волшебни приказни ми ги претворија во нешто друго: мотиви, пригодни за анализа, истражување, аспектирање.

Кон што ја водам нашава дискусија?

Еве ќе ја земам за пример Пепелашка.
Дали знаете дека првата верзија на запишана Пепелашка потекнува од 9ти век и тоа од Кина?
Знаете дека и ние тука имаме македонска верзија, која е длабоко по архаична од Пепелашка на браќата Грим?
Се сеќавате на уките-буките од пред некоја година на родителите во училиштата за да се исфрли таа верзија од програмата затоа што била неприфатлива?
Знаете ли зошто на секој јазик на кој е најдена верзија на Пепелашка, таа сепак во своето име длабоко го зачувала она основното: Пепелта? Зошто хероината секогаш е лоцирана во пеплиштето (огништето).
Не ве асоцира тоа на мајчинската утроба, од која Пепелашка (кое патем не ѝ е лично име) насилно е оттргната?

Ете, оваа нека биде тема, за да се кажат сите работи, кои длабоко врежани низ редовите на сказната: која патем пак ќе кажам има многу да каже.
Дали вие имате да кажете многу за неа?
 
Последна промена од модератор:

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Excuse my ignorance, но каков е тој филолошки јазик?

Логично, сказните и басните, како дел од фолклорот на еден народ, се пренесувани од колено на колено, па со самото тоа се и модифицирани до бескрај.
Првичната намена им била да ги занимаваат или да ги заплашат децата...па и повозрасните.
Дизни ни ги испра мозоците со бајковити очекувања, иако се промовира некрофилија кај Заспаната Убавица, педофилија кај Снежана (имала само 14 години според приказната), а маќеата била казнета да игра на врело дури не умре, за да се заплашат децата да не бидат лоши, првичната верзија на Пепелашка била дека секој бал, фустаните никнувале од гробот на мајка ѝ покрај кој се молела секој ден, а на крај на „сестри“ ѝ птици ги испиле очите како казна од принцот кога открил дека си ги исекле прстите и петите за да ги собира во чевличето...мислете пред да се буткате во туѓи...чевли, децо. :zelen
Има уште, ама да не ги редам, јас за такви поинакви агли знам на приказните.
Тоа што нас на филолошки не гњават со пронаоѓање значења, голем дел од времето нема врска, поентите и поуките се тие, извадени на маса, поочигледни не можат да бидат, посебно не во сказни измислени од народ кој и ретко да знаел за метафори, туку имал првична намена да се занимава и да заплашува деца. Дури мислам дека професорине почнаа да бладаат кој поскриено значење ќе најде онаму кај што го нема.
It's so deep, I can see Adele rolling in there.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Еве ќе ја земам за пример Пепелашка.
Дали знаете дека првата верзија на запишана Пепелашка потекнува од 9ти век и тоа од Кина?
Знаете дека и ние тука имаме македонска верзија, која е длабоко по архаична од Пепелашка на браќата Грим?
Се сеќавате на уките-буките од пред некоја година на родителите во училиштата за да се исфрли таа верзија од програмата затоа што била неприфатлива?
Знаете ли зошто на секој јазик на кој е најдена верзија на Пепелашка, таа сепак во своето име длабоко го зачувала она основното: Пепелта? Зошто хероината секогаш е лоцирана во пеплиштето(огништето).
Не ве асоцира тоа на мајчинската утроба, од која Пепелашка(кое патем не ѝ е лично име) насилно е оттргната?

Ете, оваа нека биде тема, за да се кажат сите работи, кои длабоко врежани низ редовите на сказната: која патем пак ќе кажам има многу да каже.
Дали вие имате да кажете многу за неа?

Каква е таа македонска верзија на Пепелашка? Да не е нешто од Тодор Петров или од Ниче Македон?!

Инаку шо знам, онаа со принцезата и зрното грашок шо го барала под дрво и камен, не можела да спие и да види раат, под милион перници и покривки ставено тоа зрното а сепак го осеќала...мислам дека е јасно за што се работи.
Зрното грашок - клиторис. Think about it...

Excuse my ignorance, но каков е тој филолошки јазик?

Логично, сказните и басните, како дел од фолклорот на еден народ, се пренесувани од колено на колено, па со самото тоа се и модифицирани до бескрај.
Првичната намена им била да ги занимаваат или да ги заплашат децата...па и повозрасните.
Дизни ни ги испра мозоците со бајковити очекувања, иако се промовира некрофилија кај Заспаната Убавица, педофилија кај Снежана (имала само 14 години според приказната), а маќеата била казнета да игра на врело дури не умре, за да се заплашат децата да не бидат лоши, првичната верзија на Пепелашка била дека секој бал, фустаните никнувале од гробот на мајка ѝ покрај кој се молела секој ден, а на крај на „сестри“ ѝ птици ги испиле очите како казна од принцот кога открил дека си ги исекле прстите и петите за да ги собира во чевличето...мислете пред да се буткате во туѓи...чевли, децо. :zelen
Има уште, ама да не ги редам, јас за такви поинакви агли знам на приказните.
Тоа што нас на филолошки не гњават со пронаоѓање значења, голем дел од времето нема врска, поентите и поуките се тие, извадени на маса, поочигледни не можат да бидат, посебно не во сказни измислени од народ кој и ретко да знаел за метафори, туку имал првична намена да се занимава и да заплашува деца. Дури мислам дека професорине почнаа да бладаат кој поскриено значење ќе најде онаму кај што го нема.
It's so deep, I can see Adele rolling in there.

Во времето на Снежана педофилијата сеуште не била дефинирана, бидна прва менструација = жена! Не било некој голем шок мажење и друго стање на 13-16 возраст...
А во Црвенкапа - зоофилија ради волкот... иако не знам како некој би видел сексуални конотации некаде каде ги нема...
 
Последна промена:

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Прво се извинувам на доцнењето, немав време надолго да пишувам, а не сакав постот да биде „само штракнат“ колку да се каже.
Excuse my ignorance, но каков е тој филолошки јазик?
Се извинувам за мојата ненамерна грешка, она кога сакаш многу да кажеш, а од што ти одвлекуваат внимание од тоа многу правиш комбинација и кажуваш малку(Пиши-ништо)
Сакав да кажам „додека не се запишав на Филолошки факултет, Македонска и јужнословенска книжевност“, молба до модераторот ако биде љубезен да го поправи, затоа што делува чудно...
Првичната намена им била да ги занимаваат или да ги заплашат децата...па и повозрасните.
Сите имаме право на различни мислења, тоа го сфаќам...само морам да ти го оспорам ова мислење.
Во примитивно доба, кога се плашеле од секое зајдисонце и од секоја бура/суша, верувај последно нешто на што мислеле е занимавање на децата, па и повозрасните.
Тие од сѐ барале корист...
- тоа е мое мислење, а и мислење на фолклористите...
На филолошки не гњават...
Си слушнала за Проп, за Арнетомсоновиот индекс на мотиви?
Проп е нели првиот кој што прави структурална анализа на сказната...
Значи, тоа што во 100 руски сказни успеал да најде толку фрапантни сличности...има некоја „скриена поента“, а ако некој тоа го смета за гњавење тогаш застанал во 1928 година, пред појавата на „Морфологија на сказната“.
Има повеќе теории зошто е тоа така, некои викаат дека поради културните заемки, се распостраниле сказните од едно на друго ниво, други(еволуционистите) нели тврдат дека на ист степен од еволуцијата на човечкиот мозок, тој произведува едни исти мисли, па колку и да се народите просторно и временски раздалечени.
Јас искрено љубам да мислам дека има вистина во тоа дека сказните се само ораторскиот дел од некогашните обреди кој претрпел десакрализација па дошол до нас на начин на кој што дошол.

@Outrider не е познат авторот, народна приказна е, ја има во зборникот на Цепенков. Еве ти, ти скенирав
Scan0011.jpg Scan0012.jpg
А тоа што го викаш во врска со „после прва менструација“ - жена, баш со оваа верзија(нашата) на Мара Пепелашка најубаво се гледа дека не е баш така. После прва менструација, девојката морала да мине мнооогу искушенија па да стане кандидатка за брак... Секое „паѓање“ на искушението значела неподготвеност за да стане сопруга, односно неможност да се впушти во брачните води.
Овие сижети конкретно за Снежана, Пепелашка, Убавицата и ѕверот сведочат за еден култ кон мртвите...кој многу добро им е познат на нашите претци.
Можеш да застанеш и да прашаш жив постар дедо, па ќе ти каже што правела неговата мајка под прагот кога некој ќе починел, што ставала во огништето после давање ручек во душа на покојникот, па зошто само таа тоа го правела.
Сите овие приказни сведочат за едни иницијациски обреди, кои се добро, длабоко, убаво засведочени во историјата(посебно, пак напомнувам на наше тло.)
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Отвори ја прикачената датотека 20401 Отвори ја прикачената датотека 20402
А тоа што го викаш во врска со „после прва менструација“ - жена, баш со оваа верзија(нашата) на Мара Пепелашка најубаво се гледа дека не е баш така. После прва менструација, девојката морала да мине мнооогу искушенија па да стане кандидатка за брак... Секое „паѓање“ на искушението значела неподготвеност за да стане сопруга, односно неможност да се впушти во брачните води.
Овие сижети конкретно за Снежана, Пепелашка, Убавицата и ѕверот сведочат за еден култ кон мртвите...кој многу добро им е познат на нашите претци.
Можеш да застанеш и да прашаш жив постар дедо, па ќе ти каже што правела неговата мајка под прагот кога некој ќе починел, што ставала во огништето после давање ручек во душа на покојникот, па зошто само таа тоа го правела.
Сите овие приказни сведочат за едни иницијациски обреди, кои се добро, длабоко, убаво засведочени во историјата(посебно, пак напомнувам на наше тло.)

На кои искушенија мислиш (скенираното е чудно, не се чита баш)? Освен тоа да биде плодна (неротка=зло во перцепцијата на рајата, знак за плодност - менза) требало да знае да готви, чисти и да го слуша стопанот т.е. мажот, немало никакви иницијации, имало обичаи (адети) како оној со крвавиот чаршаф пост коитус прима нокта :zelen ама и тоа било после венчавањето а не пред...
Јасно дека мотивот е присутен насекаде (rags to riches, plot twists and all that)
 
Не не, на македонско тло се засведочени „куќарици“, каде што се правела сепарација на девојките кои ја добиле првата менструација, каде што ги учеле на женскиот занает(секс), на перат, плетат, да готват. Ако не минеле 1 до 2 години, во тие женски куќарици не ги враќале во селото... сметале ако ја натопи земјата таквата индивидуа...ќе настане хаос во селото, Боговите ќе ги казнат.
- ова ти го зборувам за периодот пред 9ти век(Пред да дојдат Кирил и Методиј).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не не, на македонско тло се засведочени „куќарици“, каде што се правела сепарација на девојките кои ја добиле првата менструација, каде што ги учеле на женскиот занает(секс), на перат, плетат, да готват. Ако не минеле 1 до 2 години, во тие женски куќарици не ги враќале во селото... сметале ако ја натопи земјата таквата индивидуа...ќе настане хаос во селото, Боговите ќе ги казнат.
- ова ти го зборувам за периодот пред 9ти век(Пред да дојдат Кирил и Методиј).

Уште еден доказ дека паганите биле попаметни од монотеистите :zelen, е сега Кире и Мето а.к.а рисјанизацијата, а како шо знаеме рисјанството го однело сексот во некој друг правец, поимите грев и блуд reared their ugly heads ...
Само не треба да судиме од денешна гледна точка, во тие времиња и немало баш можност да се осигури авторски права над потомството освен со рестриктивен сексуален морал, посебно за жените иако и кај мажите не било нешто весела ситуација...

Порано ги имав собраните причи од страна на Цепенков, но и тие треба да се земат со резерва, таму имаше и ва(м)пири, гробници, зерзевули и слични весели дечки... иако со нивно читање се гледа дека паганскиот дух никогаш не бил сосема исчезнат, напротив.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
А шо мислиш за сеприсутните хорор причи, не само во длабокото минато, имам слушано од раја дека и во 1950-те и `60-те по селата се приповедале причи за раја која станува од гробови, умрени кои се појавуваат на прозорци од каде таа фасцинација со стравот?
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
А шо мислиш за сеприсутните хорор причи, не само во длабокото минато, имам слушано од раја дека и во 1950-те и `60-те по селата се приповедале причи за раја која станува од гробови, умрени кои се појавуваат на прозорци од каде таа фасцинација со стравот?
Ги знаеш тие фенерчиња, со газија?
Обиди се да одиш во село, во тесните улички со високо подигнато такво фенерче или во уште полош случај со свеќа, најлош случај нешто како факел... и види што ќе се случи со твојата сенка...
Мислиш ли дека примитивниот, пагански човек знаел што е сенка? Или гледајќи си го одразот на своето тело зад себе сметал дека некој го следел? Кога ќе погледнел повторно назад немало ништо, па така почнал да создава објаснувања за сеништа.
А бидејќи се практикувал на овие простори култ кон мртвите, од тука доаѓа она ословување на умрениот „покојникот“. Верувале на наше тло, дека ако починатиот човек, се каже на име пред да минат 40 дена од неговата смрт, неговата душа никогаш нема да дојде до мир, туку ќе го повикате во куќата и секогаш ќе ви нанесува лошо.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ги знаеш тие фенерчиња, со газија?
Обиди се да одиш во село, во тесните улички со високо подигнато такво фенерче или во уште полош случај со свеќа, најлош случај нешто како факел... и види што ќе се случи со твојата сенка...
Мислиш ли дека примитивниот, пагански човек знаел што е сенка? Или гледајќи си го одразот на своето тело зад себе сметал дека некој го следел? Кога ќе погледнел повторно назад немало ништо, па така почнал да создава објаснувања за сеништа.
А бидејќи се практикувал на овие простори култ кон мртвите, од тука доаѓа она ословување на умрениот „покојникот“. Верувале на наше тло, дека ако починатиот човек, се каже на име пред да минат 40 дена од неговата смрт, неговата душа никогаш нема да дојде до мир, туку ќе го повикате во куќата и секогаш ќе ви нанесува лошо.

И не само во пагански времиња, по некои градови струја донеле тек партизаните, некои села и ден денес немаат струја а не сум сигурен дали Ресен има градско осветление.
Освен тоа што го наведе, самиот мрак бил гадна ствар. Тешко можеме да замислиме левелот на мрак кој би владеел тогаш, без никаков извор на светлина освен рандом свеќа и фенерче, секое излегување до полскиот ќенеф било предизвик кој можел да заврши со шинување или кршење нога, рака ... не е чудно што мракот бил поврзуван со страданија и смрт...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос