Insanity workout е домашна фитнес програма која трае 60 дена, а тренер е Шон Т. Секој ден со различен распоред, шест пати неделно, еден ден одмор. Прилично напорна, кардио базирана and it makes me go insane.
Лично, јас сум при крај со првата недела и кога вежбам мислам дека ќе си приумрам, ама чувството по завршување е оргазмично. Некои вежби не можам да ги направам правилно, но со тек на време сигурна сум дека ќе биде. Во одредени моменти го мразам човеков, почнувам да викам од мака, ги мразам тие околу него што така лесно ги прават вежбите, ама од друга страна ми е тотално мотивирачки. Особено што гледам дека целулитчево почнува да се топи. На крај, почетокот е тежок, ама знам дека можам. Успеав многу, па за едноцифрена бројка на килограми не се сомневам.
Ја пробал ли некој програмава? Ваши искуства?

интересна работа е вака на видување не ми изгледа многу тешко само многу скокање има но кога ќе почнам ќе видам како е. Туку имам еден предлог ако сакате да се собереме така повеќе што сакаме да вежбаме според програмава и да вежбаме некаде заедно мислам дека ќе ни биде интересно и плус ќе се мотивираме едни со други.
Шала на страна сериозно ако има заинтересирани да ја вежбаме програмава некаде надвор нека се пријават