Прво,рај не би бил рај ако во него не вскусуваш-чуствуваш и во самиот опис во библијата рајот е градина во која можеш да вкусуваш од сите плодови,само од едно не.Со самото тоа што вкусуваш,значи осознаваш различни плодови според видот,ослободен од секакви предрасуди-гол,не срамејќи се од себеси.
Второ.пеколот е спротивен од рајот,каде уживањето е заменето со страдање,очај и агонија.
Тоа што кажав,но не ме разбра се однесува на постоењето на човекот од самиот почеток каде првично расте во еден свет за него непознат,каде нема оформено (сеуште) правило за добро и лошо,ниту живото и смртта му се познати,па отука ниту едното го велича ниту од другото се плаши(оние кој се плашат се родителите).Тој почеток на човекот е рајски,вкусуваш све,осознаваш нов свет околу тебе,се ти е дозволено(но не е се полезно)тоа и ќе го учиш.
Цицајќи од мајчини гради,носено и величено во рацете на своите родители,насмевка измамуваш од сите минувачи,буци,буци,буции
![Се фали :showoff :showoff](/images/styles/pack3/showoff.gif)
,
откако помине тој рајски живот,повеќе никогаш нема истиот да го живееш,но место него настапуваат други периоди секој убав на свој начин,за на крајот кога јасно ќе имаш граници за добро и лошо,настапува пеколот!
Едно и другото,црното и белото ќе делуваат во човек,но тоа е друга приказна.
п.с за смртта другпат ќе пишуваме!