(Вистинска) Љубов, постои ли?

Дали постои љубов


  • Вкупно гласале
    42

Frojda

Истакнат Член
2 септември 2013
58
26
118
Мислам дека реалноста е сосема поинаква а и треба да е поинаква. Вистинската личност е личност која во вистинско време и на вистинското место со игра на судбината и случајностите ќе се вметне во нашиот ум а потоа и срце како оној кон кој сме се стремеле цел наш живот. Тој можеби нема да ги исполнува сите услови и предуслови да биде вистинскиот но по одреден период е личност со која го делиме нашиот живот години и години.


Ова како дефиниција ми дојде...Не можеше боље да објасниш.Браво :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Oleri

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
29
Јас можам да бидам вистински партнер на некоја пошто сум прекрасен, а таа не може мене пошто не може никој/а да биде преубав/а како мене !!! (inlove)
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
За "вистинскиот".
Мислам дека сите ние имаме некоја претстава во главата како треба да изгледа или да се однесува вистинскиот.
Таа претходна претстава ќе претставува проблем да се најде вистинскиот.
Затоа што ние веќе сме се прогеамирале на тоа како вистинскиот треба да биде и кога ќе го најдеме ако не дава идентичност со замисленото,веќе не функционира.
Се бараат маани,се пробува да се измени таа личност по свој стил,наместо да се прифати таква каква е.
Вистинскиот или она вистинското се чувствува едноставно,џабе би било самите да се убедуваме во нешто што не го чувствуваме што е производ на нашата лична имагинација/замисла.
Кога е вистинскиот во прашање едноставно знаеш дека тоа е тој.
Без размислување,без очекување и штознам што друго.
Некои работи едноставно се чувствуваат,затоа не се потребни зборови.
 

oптимистка

Истакнат Член
1 април 2014
9
8
103
Читам што пишувате и си велам не сум за овде.... Навистина не можам да ве сватам, можеби затоа што не ми се случила се уште љубов и се си мислам нема ни да ми се случи.. А толку би сакала, но ете нема, а можеби затоа што не верувам во тоа љубовта. Велат ако не веруваш нема ни да видиш, а ако не видиш не можеш ни да веруваш. :D
Едитирано од модератор: Овие неколку мислења завршија во љубовна исповедувачница, каде цитирањето не е дозволено. Како и да е, мислењава имаат плодно тло за дискусија околу тематиката „(Вистинаска) љубов)“ како и за тоа дали треба да се верува во неа, така да нека продолжи дискусијата таму
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Читам што пишувате и си велам не сум за овде.... Навистина не можам да ве сватам, можеби затоа што не ми се случила се уште љубов и се си мислам нема ни да ми се случи.. А толку би сакала, но ете нема, а можеби затоа што не верувам во тоа љубовта. Велат ако не веруваш нема ни да видиш, а ако не видиш не можеш ни да веруваш. :D
А никот ти е оптимистка?
 

oптимистка

Истакнат Член
1 април 2014
9
8
103
А никот ти е оптимистка?
како прво: да никот ми е оптимистка - некој што секогаш има решение за се, никогаш не се откажува и во црното наоѓа бела точка, како второ: не сум разочарана што не ми се случила љубов, едноставно не верувам во љубовта, можеби баш затоа што не ми се случила. Не гледам спротивност на оптимизмот. Не сваќам баш што има врска тоа со никот но секој различно ги резонира работите . ;)
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
како прво: да никот ми е оптимистка - некој што секогаш има решение за се, никогаш не се откажува и во црното наоѓа бела точка, како второ: не сум разочарана што не ми се случила љубов, едноставно не верувам во љубовта, можеби баш затоа што не ми се случила. Не гледам спротивност на оптимизмот. Не сваќам баш што има врска тоа со никот но секој различно ги резонира работите . ;)
Не ти реков да набројуваш причини туку само прашав дали ти е никот оптимистка.
Оптимистите колку што ми е познато веруваат дека нештата ќе се случат.
Но,да секако секој поинаку ги резонира работите,се разбираме ;)
 
Последна промена:

oптимистка

Истакнат Член
1 април 2014
9
8
103
Некогаш длабоко во себе верувам дека постои..а некогаш мислам дека нема таква мене да ми се деси
и јас тоа велам мора да постои, штом така велат некои... но некако кога не ти се случило и не можеш да знаеш :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mameha

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
на кој начин вас ДЕВОЈКИ може некој да ве убеди дека стварно постои ??

постои љубов ,ама оди најдија ,Паско Кузман неможе да ја најде ,ние потешко !!! ПОЗДРАВ
 
Последна промена од модератор: