Дали верувате во глупоста наречена „љубов“?

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
И ако си разочаран од некоја бивша љубов тоа не е причина да мислиш дека љубовта е глупост едноставно не секој/а знае да ја подари.И да јас верувам во љубовта,таа и ме движи,таа и ми дава сила за секој ден одново да го почнам.
 

lora

Истакнат Член
21 март 2012
24
16
303
43
Skopje
Јас не верувам во постоењето на љубовта.
повеќе е потреба,навика, потреба од нежност,внимание воопшто потреба да се биде со некого
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Љубовта не е глупост , но поради неа се прават понекогаш глупости. Јас верувам во љубов , но таа љубов треба континуирано да се храни од двајцата. Исто така со тек на време може да се одживее и да дојде друга љубов ....Љубовта постои како ден и како ноќ,само треба човек да е благословен да ја доживее. Таа не е навика, но потреба е како вода и воздух. Секогаш и секаде се случува во секоја возраст, не е само привилегија на младите....
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Настрана љубовта меѓу луѓе, мене ми е фасцинантна прокламираната љубов кон замислени ентитети како нацијата, легализирани насилни механизми за грабеж како државата и кон замислени ентитети кои виреат на небото. Дали ме подјебаваат луѓе или сериозно мислат не знам иако сум склон да мислам дека се сериозни ... :unsure
А љубовта си има свои различни фреквенции како радиото, финтата е човек да се најде на иста станица са љубави свога живота...
На некрофилите на пример им е најлесно, нивната љубов никогаш не им останува невозвратена. Макар да не им останува ниту возвратена...:^) ...мех, важно да се дешава нешто...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Ах,љубов!Не ме бендисува зашто глупост кога тоа е единственото нешто најубаво,најплеменито што го поседува секое живо суштество на планетава,Од самиот збор ми доаѓа топлина во душата и насмевка на лицето.Љубовта е смислата на животот ,дали е кон друга особа,кон дете,кон родители , татковина ,љубов кон пари,слава идр ,таа е двигател на овој свет.Ако нема Љубов тогаш се ке биде само црно.Луѓето се разликуваат само по тоа како ја даваат љубовта и како ја примаат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Сите што викате дека љубовта е глупост, немате доживеано и почувствувано Љубов.
Како може таа тотална несовршеност пред тебе, половина ти, да е глупост? Болката што само и кога ќе си замислиш живот без таа личност до себе е неподнослива?
Или да тргнеме од мајчинската љубов. Најчиста, нерасипана, безусловна. И ниедна мајка не може да ја опише, но знае дека е тука, насочена кон тоа што девет месеци и лежело под срцето.
Јас ја немам искусено таквата љубов, а тоа не значи дека е глупост.
Љубовта доаѓа во различни облици, само не обвиена со глупавост.