Во ниту еден мимент и во ниту еден пост не сум те фатила за гуша, ниту пак сум те навредила, ниту ти давам епитети како ти на мене.Извини , со сета почит за твојата долгодокажувана мудрост и интелигенција која навистина без никаков сарказам ја ценам и дури те имам спомнато таму во тема како ги доживувате членовите или нешто слично како еден од најпаметните тука, ама ова е нашиот common problem, баш тука во овој твој пост. Во превод незадоволните имаат ексклузивно право само да си ќутат, а администраторите било како било се и ќе бидат секогаш во право. Не очекувам да се искорени, било и ќе биде , така си е во сите аспекти во животов и околинава , па зошто би било поинаку на форум кај што демек ги ваѓаме маските и сме тоа што смо до болна искреност. И нема врска со менталитет и други чуда, има врска со мозокот на луѓето кои веднаш штом добијат некоја си титула ОП сега сме над останатите и нормално како да се признае грешка на понискиот од мене е муабетов. Никој не чекаше покајание, вратисе и прочитај колку најнормално е поставено прашање и колку е објаснето. Не фатив никого за гуша , ама мене ме фатија зошто сум прашала, не било битно. За мене тој цитат овој период е најбитен на цел свет затоа што така се чувствам и сакав да споделам со моите пријатели на форум. На крај краева ако не е битно , тогаш ни темата не е битна па ни правилата.
Праша зошто ти е избришано мислењето, и ти одговорив. Од каде испадна целиов муабет мене ми е јасно. Убаво кажа @MissChievous никој не се навраќа две-три страни наназад на тема, ниту пак на првата. Значи и да беше напишано на првата страница од темата пак немаше да го видите.
И ниту во еден пост нигде никој нема напишано дека администрацијата секогаш е во право. Но, тука е најинтересно секогаш да се вадат од контекст постовите, нели најслатко е кога се иде контра на администрацијата, туку се добиваат највеќе лајкови ( нели дека не е битен бројот на постови), ова @Mystique не се однесува на тебе. Тука најзабавно е само кога некој модератор е тема на дискусија и пропустите во модерирањето. Нели затоа што така се гради очигледно тука имиџот.
Но тука не е муабетот за бришењето постови или за правилата, тука е муабетот да се искористат постовите за да се исплука по адмистрација.