Еве еден пример за патриотски дебилизам.
Стара народна песна, цензурирана и со изменет текст.
Имено, Ја излези стара мајко.
http://pesna.org/song.php?id=569
Оригинал
Ми помина Осман Бегот, мила мајчице
ми помина Осман Бегот, умрев за него.
Кај што одит ветар веит, умрев за него
кај што седит сонце греит, умрев за него.
Ќе се грчам, ќе се турчам, мила мајчице,
ќе се грчам, ќе се турчам, умрев за него.
Ќе го земам Осман Бегот, умрев за него.
Првично, се работи за некоја типка шо се заљубила/ напалила/whatever по Осман Бегот и ако треба ќе се грчи а богами и ќе се турчи...и за тоа и соопштува на старата си мајка.
Со денешен речник на рандом патриот, `она ќе се е*е со сечени, мамицата предавничка!` dokoga vaka?
Но затоа, патриотот не спие, туку прави препев каде осман бегот се претвара во мојто либе, а грчењето и турчењето е скроз елиминирано.
Ми помина мојто либе,
Мила мајчице,
Ми помина мојто либе,
Мила мајчице,.
Кај што оди-ветер вее,
Мила мајчице,
Кај што стои-сонце грее,
Умрев за него.
Пример за тоа колку е `ценета` традицијата.