Зарем постојат такви?Мене ми се интересни луѓето кои на форум глумат лудило а во реалниот живот не знаат да скоцкаат два со два. Под поимот „не знаат“ не подразбирам молчење туку кога ќе ги прашаш, мислата им оди нон стоп на тривијални муабети. Просто осеќаш дека копираат мислења од друго место и се китат целосно со туѓи перја. Да не зборам за зависноста од општеството, пардон - масата и круговите на „друштвото“ во кои тие целосно самите се приспособуваат а подоцна зависат од истите.