Телема

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Па ти одговорил @Abraxas како што гледам :) Ти по се изгледа сакаш да се закачиш за мојот став дека не постои време ... А мене ме мрзи да водам расправа за тоа бидејќи е залудно.

Потребата да се брои е заради Земјата и луѓето нели!

За телемитското сметање на времето имаш повеќе тука , што како.
Можеби ќе ти биде ок одговорот, провери.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harmonija

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Не ми е ок одговорот таму. Само ми кажуваш како се сметало времето според телемитите, а апсурдот е што ми збореше за непостоењето на времето. Во ред, штом те мрзи така нека е.
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Не ми е ок одговорот таму. Само ми кажуваш како се сметало времето според телемитите, а апсурдот е што ми збореше за непостоењето на времето. Во ред, штом те мрзи така нека е.
Ех, многу работи се апсурд на прв поглед...
Затоа и велам дека е залудно, затоа ме мрзи да зборувам бесконечно...

Ти кажав зошто се брои времето: заради Земјата и луѓето. Времето Е илузија. Добра алатка за да се потсети робот да работи, да јаде, да умре...

Тоа е апсурдно, ништо друго.

Да си жив и здрав, можеби ќе најдеш ок одговор во иднина во врска со тоа што праша за телемитите и времето...
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
LIBER LIBRAE SVB FIGVRA XXX
8. Човекот е тоа што сам од себе ќе направи во рамките одредени од неговата наследена судбина; тој е дел од човештвото; неговите дела не го допираат само она што тој го нарекува јас, туку и целиот Универзум.
Ме прашуваш што обожава еден телемит како божественост? Не може да се даде одговор бидејќи секој може да обожава како му е волја.
Во „Книгата на Законот“ го имаш одговорот јас мислам што ќе ти даде некаква слика за тоа.

Ако пак мене ме прашуваш јас што обожувам, нема да ти кажам. :)
Нека ви е среќна новата 110-та година од новиот Еон! Многу успеси, надминувања и мудрост! И секако - љубов под волја! :)
Колку сте само контрадикторни!:(
Секој телемит може да обожава-слави што му волја,но за нова година и нејзино славење за сите телемити е прифатливо (или не)?
Ами мора да слави,тоа е денот кога му е дадена книга на вашиот пророк.
Затоа секој телемит не може да слави што му е волја,него тоа што му диктира групата,а група не би била група ако нема свое време.цццццццц
Како беше она .. времето ги јаде децата...(facepalm)

Подобро молчете во иднина,така барем помудри ќе бидете!
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Не, @alf не може да се молчи кога ова е забавно, а за мене корисно - си ја вежбам мислата! :)
Како да не зборуваме човеку кога се коментира за работи кои не си ги научил ниту пак имаш волја да ги научиш а се дрзнуваш да велиш на други кои учат да молчат! Македонштина, секаде ја има! Не е ок тоа.

Оди учи, запознај се човеку со она што не го знаеш и потоа слободно го негирај, отфрлај, гази плукај - што сакаш му прави де, како ти е волја :)

За тебе сме контрадикторни бидејќи не ги разбираш хиероглифите (симболите) и начинот на зборување! И ќе биде така се додека не се запознаеш со азбуката која ја користиме. За ова е зборувано! Напразно е сето зборување... мислам се гледа нели?

Јас ти велам убаво: седни учи ако сакаш да ми се спротиставиш во врска со Телемата и моето разбирање на истата. Не земај се здраво за готово јас што ќе речам, колку пати да го нагласам јас тоа? Јас можеби грешам во некои идеи, но јас давам само мои размисли онолку колку што мислам дека треба во врска со Телемата, магика и слично и како јас ги разбирам работите. Не треба да судиш за Телемата од муабети на форуми ниту пак од блогови! Тоа е глупо и го сметам за патека кон идиотизам и простатулук и ќе те занесе од вистинското разбирање кое се постигнува со работа!

Ајде да ти повторам пак во врска со славењето:
Не мора да се слави ништо! Познавам телемити кои не се заморуваат за Новата ни година, не се заморуваат со трите дена на пишување на Законот ...
Ние, не им судиме ниту ги приморуваме луѓето да прават нешто „бидејќи некаде така запишал Кроули или некоја света книга“! Затоа велиме дека „Книгата на Законот“ не треба да се толкува на друг и да се нуди тоа објаснување како апсолутно! Секој мора сам да ја разбере, сам да ја искористи практично во животот, сам да прифати дали Законот на Телема е негов закон и како ќе го применува практично!

Друго... Денот кога е дадена Книгата е 8,9 и 10 Април 1904 година и нема врска со новата година која го означува денот кога Сонцето влегува во соѕзвездието Овен! Нели? :) Ништо не си научил! Ништо... Аман!
Имаш тука за тоа! Да не биде не ти е кажано!

П.С. ОД тој ден(нашата нова година) до 10 Април има 22 дена! Токму тамам колку што има патеки на Дрвото на Животот и толку тарот карти кои се познати како „големи аркани“! За нив може да прочиташ во „Book of Thoth“ од А. Кроули.

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Не ми е ок одговорот таму. Само ми кажуваш како се сметало времето според телемитите, а апсурдот е што ми збореше за непостоењето на времето. Во ред, штом те мрзи така нека е.
Не е во прашање апсурд, туку инает. Сметањето на времето и доделување на мерни единици е од практична причина, немора метафизички, и преку физиката да го анализираме, ќе видиме дека тоа не е линеарно, не тече подеднакво во сите ситуации! Затоа сателитите во орбитата се штелуваат, за да го надоместат тоа. И сега поради тоа што треба да правиме? Да ги отфрлиме временските мерни единици кои ги користиме? Да не го сметаме времето? Зошто да востановиме временска константа од типот "секунда", кога таа константа е човечка - субјективна единица? Што е секунда? Колку време е тоа? Можеш да дадеш одговор знаејќи дека времето не е линеарно? Дали една секунда за некој што мирува и врз кого дејствува гравитација е иста со една секунда за некој што се движи со огромна брзина и врз него не дејствува гравитација?

Да биде инициран во некој ред, ко на пример твојов ОТО.
ОТО не е сопственост на Хептаграм, ниту на било кој друг телемит. Инаку да, може да бидеш телемит без да бидеш инициран во Ред како што е ОТО. Ако своите ставови и сознанија за Божественото можеш да ги видиш во симболиката на телемата, тогаш може да се сметаш за телемит.
 
Последна промена:

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
@Abraxas
Не реков дека е сопственост негова, туку дека он кажа припаѓал таму па затоа тоа дека е „негов ред“.

За времето, си читал нешто ама не си дочитал, одамна ти го зборам тоа. Времето не е линеарно ако го гледаш од една референтна точка. Но дали ти ќе се наоѓаш на месечината или сосема залутан во вселената, 1 секунда ќе има исто траење и за тебе и за сѐ што е врзано за референтниот систем на кој припаѓаш.