Moжам да си дадам слобода да се „сврстам“ во овој дел на светската популација. Со тек на време можда некои вигуи се имаат опуштено, но во глобала мислам дека сум донекаде истата личност и пред запознавање на социјалните мрежи. Молчаливоста не ја сметам за хендикеп, напротив во некои наврати ми делува попривлечна отколку константното зборење (лупање зелени). У глобала сеа има контрасти кои се препознатливи, а има и стварно „молчење-за-да-се-биде-кул“. Второво е онолку несфатливо колку и претенциозноста да се докажеш во друштво дека си манга. Секако ова многу тешко се детектира и скоро секогаш подлежи на предрасуди.