Ќути да ти кажам

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Moжам да си дадам слобода да се „сврстам“ во овој дел на светската популација. Со тек на време можда некои вигуи се имаат опуштено, но во глобала мислам дека сум донекаде истата личност и пред запознавање на социјалните мрежи. Молчаливоста не ја сметам за хендикеп, напротив во некои наврати ми делува попривлечна отколку константното зборење (лупање зелени). У глобала сеа има контрасти кои се препознатливи, а има и стварно „молчење-за-да-се-биде-кул“. Второво е онолку несфатливо колку и претенциозноста да се докажеш во друштво дека си манга. Секако ова многу тешко се детектира и скоро секогаш подлежи на предрасуди.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Да, не...квиско пита горење награџује :)
Ете дознав дека и јас спаѓам во тие мизерните без манири....тоа ти е...
Никогаш не сум имала желба ни потреба некој виртуелен лик да го пуштам во животот а уште помалку да го запознаам инфејс...затоа не сум за тие собиранки и друженки....
Тие луѓе што ги имам во животов со причина се во него и ми се сосем доволни...а форумиве ми се само онака да сменам мислење, да прочитам по некое различно од моево и ете да тепам време додека сум на работа...
А тоа што некој одговара само со Аха, да или не...не може да му се суди....секој си има свои причини...пред се можеби е таков (интернетот е многу полесен за комуникација отколку очи во очи), можеби не му е денот, можеби му се случило нешто па од култура се појавил (да не испадне идиот), можеби се разочарал од тебе, можеби не чувствува никаква хемија меѓу вас па зошто да се труди итн.
Искрено јас повеќе ги почитувам оние што се кратки и јасни, кои имаат што да кажат, на кои муабетот му држи вода отколку оние што константно ломотат за се и сешто, колку да не се ќути, бла бла бла...и едноставно замараат....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Violet

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Порано беше кај мене така кога ќе запознаев нови молчаливи луѓе и ќе излезев со нив на кафе,
мислев дека е моја обврска да зборувам со нив,да им правам моабет,да правам да им е интересно.Со тек на време се промени тоа,
и да бидам најискрена воопшто не чувствувам потреба да изигравам кловн за некого и да правам времето да му е поинтересно.
Едноставно ако не ми се зборува,не зборувам.А и незнам понекогаш што да кажам,кога се вртат без врска моабети кој воопшто не ме интересираат.Понекогаш немам некој коментар на сето тоа.
Тие истите другарства(со молчеливите)кои ги стекнав,гледам дека полека не функционираат затоа што се нема тема,сите разговори завршуваат со:Аха,да,така е.
Во меѓувреме пак запознав сосем нови луѓе со кои можам и да ќутам и да зборувам(нормално не ќутам нон-стоп,туку ете кога не ми се зборува или пак на нив)и тој молк е едноставно пријатен молк,
не замара,се нема потреба од вртење на зборови ко празна воденица.
Луѓето кои ги запознав од интернет,ги доживеав исто така како што ги доживеав на интернет и тоа се пријателства кои ќе траат.
 
Последна промена:

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Јас сакам да запознавам луѓе, небитно од каде, па си идам и на собиранки, си правам и кафиња еден на еден со некој од форуми. Нормално има различни карактери, некој многу збори, некој ќути. Никогаш не сум размислувала што стои позади ќутењето на некој, а далеку од тоа па да носам заклучоци дека потекнува од некакво семејство кое не го научило на манири или слични такви работи. И ако е за мрчење на секој еден човек без разлика каков е можеш да му најдеш некоја маана и да му налепиш некоја етикета на ваков или онаков. А што има врска ќутењето со животот стварно не знам. Башка и луѓе сме, верувам дека сите имаме трема при запознавање на нови луѓе, а на некого му треба подолго време за да се опушти...

Лично за мене да си зборам, со тие што сум излегла, немало некоја драстична разлика од тука, сите ми се погодиле друштвени и зборлести. Најчесто си коментираме за филмови или серии и скоро секогаш завршуваме со кавги за кој филм бил подобар и зошто, или зошто хомосексуалците требало или не да се венчаваат или да посвојуваат деца, па си викаш подобро и да ми се паднеше некој молчелив. :zelen И стварно не верувам дека да излезеш со човек, а посебно со човек од форум дека нема да можат да се најдат теми за разговор и дека некој би одговарал со да, аха или не. И ако го видиш молчалив само прашај го што мисли за некој од форум и после не можеш да го сопреш :D
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Да, не...квиско пита горење награџује :)
Ете дознав дека и јас спаѓам во тие мизерните без манири....тоа ти е...
Никогаш не сум имала желба ни потреба некој виртуелен лик да го пуштам во животот а уште помалку да го запознаам инфејс...затоа не сум за тие собиранки и друженки....
Тие луѓе што ги имам во животов со причина се во него и ми се сосем доволни...а форумиве ми се само онака да сменам мислење, да прочитам по некое различно од моево и ете да тепам време додека сум на работа...
А тоа што некој одговара само со Аха, да или не...не може да му се суди....секој си има свои причини...пред се можеби е таков (интернетот е многу полесен за комуникација отколку очи во очи), можеби не му е денот, можеби му се случило нешто па од култура се појавил (да не испадне идиот), можеби се разочарал од тебе, можеби не чувствува никаква хемија меѓу вас па зошто да се труди итн.
Искрено јас повеќе ги почитувам оние што се кратки и јасни, кои имаат што да кажат, на кои муабетот му држи вода отколку оние што константно ломотат за се и сешто, колку да не се ќути, бла бла бла...и едноставно замараат....

Без разлика дали се работи за риал лајф индуцирано познанство или со помош на виртуелни платформи, `аха` и `да/не` се ептен.... шо знам, да не се изразам погрешно, некултурно е. Едно е на шалтер да не се замараш, пошто не си во доброволен контакт со жената која се враќа за 15 минути или ликот кој си пополнува тикет иако има 50 души редица.....но кога се работи за доброволен контакт не е на арно `да/не` испаѓа дека едната страна е полициски иследник а другата осомничена...:kafeнепријатно е некако...

Секогаш може да се најде соодветна тема, барем така мислам, може да е времето, политики, офсајд беше, цинцилатор, федерфуфна, зошто моторот прокувал (пинг Сашко :)) who`s dunnit etc.
 
Да, во секој случај непријатно и некултурно...се сложувам...
Ама затоа реков дека секој си има свои причини за тоа моментално ќутење...
Еве јас лично имам една личност во мојов живот која е баш таква и баш така одговара да или не, поопширен одговор еднаш до двапати годишно...ама тоа ти е таква си е...нејзиниот сопруг мене ми е малтене брат така да се гледаме често, ама ете муабетот не и’ е некоја силна страна...
Ах, Сашко...мај фејворит...Сашко е универзале..нема тема кај што не би се вклопил...:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Violet and escape

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Да, во секој случај непријатно и некултурно...се сложувам...
Ама затоа реков дека секој си има свои причини за тоа моментално ќутење...
Еве јас лично имам една личност во мојов живот која е баш таква и баш така одговара да или не, поопширен одговор еднаш до двапати годишно...ама тоа ти е таква си е...нејзиниот сопруг мене ми е малтене брат така да се гледаме често, ама ете муабетот не и’ е некоја силна страна...
Ах, Сашко...мај фејворит...Сашко е универзале..нема тема кај што не би се вклопил...:)

True, само што ако веќе некој се договара со некого значи дека доброволно оди на место каде комуникација со `аха` не е баш пожелна. Сега ако токму на патот до местото каде треба да се најдат `му се стемнило` шо знам... unlikely.
Исто важи и за виртуелен свет, да го чекаш некого 20 минути да ти реплицира на скајп па и тоа со `да/не`...... или пак еве на форумов некој да постира мислења само со `да/не/аха`... мислим оно...збиља...

Раптор дилема - ако веќе на виртуелна платформа рајата има теми за меѓусебна комуникација, без разлика какви, зошто тогаш да не ги користи истите теми во риал лајф и да се избегнат `непријатни тишини`?
th_template-philosoraptor.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Енивејс.....по она што можам да заклучам во однос на виртуелен свет и реален тоа би било отсуството на виртуелни помагала при комуникација во реал лајф, учесниците не можат да ги консултираат вики и гугл, да ставаат линкови, да менуваат аватар (жените можат со шминка :wub) да ставаат мемиња.....па можеби тука лежи некаква причина за нелагодност...намален комфорт зоун...шо знам.
Друго раја се исповеда под маска на анонимност во виртуелата, несреќни љубави, среќни љубави, венчавки, сунети и пагански ритуали, споделува разни емоционални стања со непознати ликови.... и после можеби му е незгодно лајв трансмишн, lelel so iam lupano na net haha.... така што виртуелата има и улога на католички свештеник кој слуша исповед само што за разлика од попот не бара десет аве марии и не нуди апсолвирање на гревот.

Што значи ако одам да се запознам со некој од виртуелен свет ќе си испринтам картица со филозораптор или конспираси киану и ќе мафтам со неа по потреба како судија со жолт картон :zelen
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and escape

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
True, само што ако веќе некој се договара со некого значи дека доброволно оди на место каде комуникација со `аха` не е баш пожелна. Сега ако токму на патот до местото каде треба да се најдат `му се стемнило` шо знам... unlikely.
Исто важи и за виртуелен свет, да го чекаш некого 20 минути да ти реплицира на скајп па и тоа со `да/не`...... или пак еве на форумов некој да постира мислења само со `да/не/аха`... мислим оно...збиља...

Раптор дилема - ако веќе на виртуелна платформа рајата има теми за меѓусебна комуникација, без разлика какви, зошто тогаш да не ги користи истите теми во риал лајф и да се избегнат `непријатни тишини`?
th_template-philosoraptor.jpg
Значи ти најдобро ме разбра.
Језда и сите сте во право, а и различни карактери се во прашање, само мене зборот ми беше кога веќе се договара со некоја личност и ете не ти се погодила личноста не мора да се ќути или да се одговара само со аха и да. Ако треба 15-20 минути поседи кажи нешто било што и после замини си, така по не би се навредила личноста пошто стварно не е пријатно, сешто ти поминува низ глава додека трае таа тишина.
За скајп леле имав и ја еднаш еден период една таква личност, само не сум сигурна дали беше на скајп или на фб. Се утепував од пишување а одговор имав само аха, да да така е. И што муабет да правиш понатаму ни муабет не правиш, а монолог си водиш.
А па сега и ја правам така на една личност ама не е од што сакам, а пошто не можам да стигнам да го дочитам не па да зборам. И морам да му пишам нешто оти иначе ќе ме спамира со: Тука си, тука си, тука си, кај замина, абе тука ли си. А иначе фин си е и во живо си е ист.