Сакам да кажам/Сакам да прашам

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Срање у Украјини.
Слушам сега дека паднале првите жртви, машинеријата на светскиот паразитизам, политичко-економската олигархија повторно ја стави машинеријата во погон.
Ако ситуацијата ескалира може да има стотици илјади жртви со оглед на големината и бројноста на завојуваните страни.
Глупава раја повторно ќе гине за нечии интереси, без разлика дали од едната или другата страна. И шта онда? Повторно на крај побогатите - побогати, сиромасите - мртви, сакати или уште посиромашни.

Наративот е ефтин како и скоро за секоја војна, клептократската елита на РФ има одамна посадени кукавички јајца во вид на диктатори-клиенти или свежо `освестени`етнички малцинства по граничните земји и со помош на старите финти, веќе видени многу пати бара повод за освојување нешто...некаде.
Сценарија типични за балканот, кољу и бацају српску нејач лавовима у Посавини бла бла САО Крајина, Република Српска, Херцег Босна, Иљирида и сите тие парадржавни, етнички срања како повод за нови профити и арамилак на веќе ионака супер-богатите касти, само овојпат пресликано на Крим.
Утре ќе биде некоја нова точка на планетата.

Дали рајата во Украина ќе покаже повеќе логичност отколку рајата на екс-ју просторите е прашање. Дали бил Крим во Русија или Украина на обичен човек во Киев му прави разлика, каква? Никаква? 150 евра плата и со едните и со другите...
Веројатно - нема да покаже логичност бидејќи логиката испарува во динамиката која ја прават огромните маси, `незадоволените` како што ги нарекуваше еден чичко со бизарно презиме.
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
''Се е отров и не постои ништо што не е отров. Само дозата одредува дали нешто ќе биде отров или не.'' - Парацелзиус, 1493-1541
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Сакам да кажам некои луѓе упорно кажуваат исти лаги и си викам како овие завршија факултет , ај коа ќе слушнев асистент на предавање да згреши си викав има време ќе научи ама коа директор на УЈП изјавува дека кај нас има рамен данок ми иде да си ја запалам дипломата!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer

Photographer

Amoureux
23 февруари 2012
482
1,394
1,093
СДК и СДП....преѓе паднав од мотор, при мала брзина, некако гравитацијава ми е поместена...т.е. ми се врти....а носев кацига...да не треба да се прегледам нешо?
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
СДК и СДП....преѓе паднав од мотор, при мала брзина, некако гравитацијава ми е поместена...т.е. ми се врти....а носев кацига...да не треба да се прегледам нешо?
Мислиш рамнотежата ти е поместена. Трк на лекар уште сабајле. Кацигата не е којзнае каква заштита.
 

Photographer

Amoureux
23 февруари 2012
482
1,394
1,093
Мислиш рамнотежата ти е поместена. Трк на лекар уште сабајле. Кацигата не е којзнае каква заштита.
ете то мислев, така сакав да го кажам. Ко ке си седам Ок си сум, на нагли движења ми се врти...
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
ете то мислев, така сакав да го кажам. Ко ке си седам Ок си сум, на нагли движења ми се врти...
Не би сакал да те плашам со давање дијагнози од ракав. Најдобро посети лекар утре.