Колку трае сегашноста?

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Често се сеќаваме на она што се случувало пред сегашноста, а знаеме да мечтаеме за она што ќе дојде после неа.
Но...

Колку време треба да помине пред сегашноста да се претвори во минато?
Кога почнува, а кога завршува сегашно време?
Сегашноста е само сега овој миг, овој час, само овој ден, оваа година?
Колку трае сегашноста?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena, Y1K991 and Lena

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Изгледа ние самите мораме да одлучиме и одредиме кога сегашноста ќе заврши.
А можеби и не завршува и трае цело време, и се зависи колку човек е заглавен во минатото и преоптоварен со иднината.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Незнам колку време треба да помине, за сегашноста да стане минато, но мора да се случи нешто за да ги раздели минатото и сегашноста.
Обично сегашноста е резултат на минатото. А па од сегашноста ни зависи иднината. Се е поврзано. Така да минатото не треба да не спречува додека ја правиме нашата иднина. Така да мора да се расчисти со минатото за истото да не не спречува во иднината. Па дури и да заборавиме на работите кои не измачуваат како црни сенки.
Колку трае? Колку што индивидуата сака :)

Ништо не разбравте? : ) Ни јас :)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Сегашноста трае онолку време колку што ти е потребно за да употребиш глагол во минато време за да опишеш настан.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Violet

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Сегашноста трае вечно.
Тој момент на Сега си го влечеме постојано со себе.Она што е моментално,значи Сега во следниот миг на Сега постанува прееска.Со тоа и минато.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and Pica pica

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Сегашноста трае вечно.
Тој момент на Сега си го влечеме постојано со себе.Она што е моментално,значи Сега во следниот миг на Сега постанува прееска.Со тоа и минато.
Kолку трае тој „миг“ за да дојде следниот миг?
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Мигот во кој ќе изговориш миг,е веќе следниот миг.
Ако зборувам малку побавно? Или еве да речеме викам „Мииииииииииииииииииг“? Што би значело ова?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Boyle

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Ако зборувам малку побавно? Или еве да речеме викам „Мииииииииииииииииииг“? Што би значело ова?
Можеби со секое вдишување е моментот на сегашноста.
Секое издишување е минато тогаш,се додека не дојде следото вдишување.И така до бескрај.Не верувам дека постои граница или единична мерка со која би можеле да ограничиме од каде почнува минатотото и каде завршува сегашноста.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Сегашноста е момент помеѓу минатото и иднината. Денес е вчера за утре.
Dali%2BPersistence%2Bof%2BTime.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena