Со о не, но добре дојде и добредојде се и двете прифатени. Добредојде повеќе како именка (пр. Тие му/ѝ посакаа добредојде), а добре дојде кога се обраќаш некому. Иако мислам дека поради константното мешање и двете форми се навлезени во јазикот, па не се прават некои проблеми, до изборот на тој што пишува е.како се пишува правилно: Добродојде, добро дојде, добредојде или добре дојде? Ова цел живот ме буни
Ова веќе одамна го имам приметено, заедно со „сенундарните“ грешки што ги прават во „моментот“ кога зборот „морално“ го поистоветуваат со „задолжително“.Јас последно што често го приметувам е користење на „емитира“ наместо „имитира“. Сличност меѓу двата зборови е само што се глаголи.
не може да е потфорум... затоа што кажува надреденост-подреденост овој „изведен збор“.Како е правилно од овие три, пошто сите три гледам се користат.
Потфорум, подфорум или под-форум?
Јас си го пишувам потфорум секогаш,и ме интересира како е точно.
Тука низ листите се запишани како под-форуми.
Наследство од СФРЈ, и користењето на српско-хрватскиот јазик на оваа територија.Се прават грешки и за множинската форма на зборот случај -случаеви. Правилно е случаи. (пр.смртни случаи)