Мал потсетник за некои почести грешки и нивните правилни форми (прво се пишани грешните, па правилните форми):
*Сваќам - С
фаќам
*Незнам - Не знам
*Глагол во минато време напишан со „Ф“ (паднаф, јадеф...) - Глаголите завршуваат на „
в“ (паднав, јадев...)
*Сеуште - Се’ уште
*Парис (главниот град на Франција) - Пари
з
*Философија - Фило
зофија
*Подржам (ќе го подржам куферот) - По
ддржам (ќе ја по
ддржам во нејзините намери)
*Некој + збор во множинска форма (некој јаки момци) - неко
и плус збор во множинска форма (неко
и јаки момци)
*„Зошто“ е прашален збор. „З
ашто“ е скратена форма од „затоа што“.
*Не можеш нешто да имаш
во предвид, туку можеш да имаш нешто предвид (основата на зборот е „вид“, и на него веќе му е додаден префиксот „
пред-“, кој објаснува „каде“ го имаш нештото).
*Придавките во
македонскиот јазик (мало „
м“)
секогаш се пишуваат со
мала буква, дури и во случај кога назначуваат припадност, идентитет... Затоа што се сметаат за придавки, како и сите други (Грешно - Македонски јазик, Англиска уметничка; Правилно - македонски јазик, англиска уметничка, зашто независно дали јазикот е македонски, шпански, тежок, корисен, редок... сето тоа се придавки кои го
опишуваат каков е, па затоа
не се пишуваат со голема буква, дури и кога назначуваат припадност).
*И
НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ го правилото за едначење по звучност кај согласките. Секоја безвучна согласка, освен х, има свој звучен парник:
звучни: б д г в з ж (-) ѕ џ ѓ
безвучни: п т к ф с ш (х) ц ч ќ
Нормално, како и во секое правило, така и тука има исклучоци, па затоа ќе споменам еден од најчестите со кој се сретнуваме секојдневно:
Нема едначење по звучност кога по согласката „
д“ следат наставки како -ски, -ство, -ствен... Односно ќе биде гра
дски (не гратски), Гра
дство (не Гратство), госпо
дствен (не госпотствен).