Правилно пишување на зборовите

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
како се пишува правилно: Добродојде, добро дојде, добредојде или добре дојде? Ова цел живот ме буни
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kitty

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
интелeгенција/интелегентен(worried) - интелигенција/интелигентен
Intelligere е потеклото.
како се пишува правилно: Добродојде, добро дојде, добредојде или добре дојде? Ова цел живот ме буни
Со о не, но добре дојде и добредојде се и двете прифатени. Добредојде повеќе како именка (пр. Тие му/ѝ посакаа добредојде), а добре дојде кога се обраќаш некому. Иако мислам дека поради константното мешање и двете форми се навлезени во јазикот, па не се прават некои проблеми, до изборот на тој што пишува е.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Како е правилно од овие три, пошто сите три гледам се користат.
Потфорум, подфорум или под-форум?
Јас си го пишувам потфорум секогаш,и ме интересира како е точно.
Тука низ листите се запишани како под-форуми.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Често ќе видиме: Скопјанец,Битолчанец, Чаирчанец, што е сосема погрешно. Според нашиот правопис, со голема почетна буква се пишуваат само имињата на жителите на континентите, на државите и на покраините, како и на припадниците на определени народи, племиња или етнички групи (Европеец, Македонец, Евреин). Наспроти нив, имињата на жителите на населени места, односно на градови, на села и на населби, се пишуваат со мала почетна буква (скопјанец, битолчанец, чаирчанец).
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Јас последно што често го приметувам е користење на „емитира“ наместо „имитира“. Сличност меѓу двата зборови е само што се глаголи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and Prashina

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Јас последно што често го приметувам е користење на „емитира“ наместо „имитира“. Сличност меѓу двата зборови е само што се глаголи.
Ова веќе одамна го имам приметено, заедно со „сенундарните“ грешки што ги прават во „моментот“ кога зборот „морално“ го поистоветуваат со „задолжително“.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Како е правилно од овие три, пошто сите три гледам се користат.
Потфорум, подфорум или под-форум?
Јас си го пишувам потфорум секогаш,и ме интересира како е точно.
Тука низ листите се запишани како под-форуми.
не може да е потфорум... затоа што кажува надреденост-подреденост овој „изведен збор“.
Значи е дел од целокупниот форум, затоа е поД, а чим е поД значи завршува на согласка, а притоа како што ти кажав затоа што е изведен збор, мора да има цртичка. Значи под-форум :)
Сепак, мене не ми изгледа убаво вака со цртичка па си замижувам пред правилата и си ставам подфорум :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and JaMi

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Се прават грешки и за множинската форма на зборот случај -случаеви . Правилно е случаи. (пр.смртни случаи)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Исто за Придонес =/= допринос
Повеќетемина =/= повеќемината
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Се прават грешки и за множинската форма на зборот случај -случаеви . Правилно е случаи. (пр.смртни случаи)
Наследство од СФРЈ, и користењето на српско-хрватскиот јазик на оваа територија.