Искрено, веројатно јас немам вкус за филмови, па обично номинираниве (повеќето) ми се тиња.
Жими Клетници, Линколн и Ана Каренина со костимографијата донекаде. Затоа пак мило ми е што Ен и Џенифер добија Оскари, ептен ми се мили и двете.
Јас, искрено, повеќе гледам за да мавам сеир која во каков целофан се замотала и каква сарма или икебана ставила на глава. Абе врвни ми се.
Мада годинава немаше некои кловновски, ама сепак имаше утки.
Ен, колку и да ми е срцка, фустанот и’ беше врвен промашај.
Наоми Ватс, исто. Што красна на лик, а се посра со тоа логото на Бетмен сред фустан.
Од Шарлиз лиги ми течат. Па како шизички и сексуљаво ја носи кратката коса, лепота е бре.
Сандра Булок беше исто слатка на лик, ко да не ја газат годините.
И не знам за вас, ниту пак самата некогаш сум и’ била некаков фан, ама мене врвот ми беше Кетрин Зета Џонс! Уф! Може фустанот и’ беше пренаџиџан, ама жената плени! Таков стас, дамско држење и сексапил...очите ми останаа во телевизорот. Да бев машко, цела вечер ќе си ја мислев.
А кога сме кај машкиве, стандард, класика беа. Жими Крис Еванс што би го грабнала од сред тепих, макар и сосе мајка му идел у пакет.
Не гледав сè, па не знам колку ќе ми држи ова вода, ама срамота е какви дрндупки се појавија на Оскариве, а никаде не го видов Ентони Хопкинс, човек што би требало да претставува поим за врвен актер и општо претставник од највисоки редови за една ваква манифестација.
(ко фан, јас сакам секогаш него да го има)