Гонител (stalker)

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Јас си го имав брзо овој проблем.
Пред две години додека уште бев гостин во градов, случајно запознав еден дечко. Повлечен, мирен, љубезен...
После неколку случајни средби ме викна на кафе, љубезно го одбив и мислев дека тоа било тоа, готово со него...
После некое време кога се преселив тука почнав да го гледам насекаде каде што одев. Некогаш ми приоѓаше, некогаш не, но никако ни за секунда не тргаше поглед од мене каде и да бев, со кого и да бев, до кога и да бев. Прво мислев дека е случајност, ок е мал е градов ете сме се погодиле да излеземе на исти места. Ама...
Еден ден бев демек на дејт со еден дечко, и кога се вратив дома ми стигна порака на фб: џабе се криеш, знам за новиот дечко.
И ова го оставив зад себе. После некое време бев кај дечково на роденден. На тараса пушевме цигари и во рок од десет минути мојот 'пријател' триесет пати сврти околу зградата.
Ме советуваа да кажам некому, да го спречам, не е нормално тоа, но пак оставив така....
Пред недела дена, ме викна вујко ми да ги чувам малите и демек да дојде да ме земе, па ќе одел со пријател да купуваат делови за колата. Замислете кој шок беше за мене кога тој пријател на вујко ми беше тој што не ми даваше мир.
Додека јас не превземав ништо, тој се спријателил со дел од мојата фамилија, дури и три пати беше на вечера кај нив.
Врв на се беше кога минатата недела бев во еден кафич со друштво, па јас и еден другар имавме пишано ливче и нон стоп гледавме, пратевме во моб, па може и сме изгледале поблиски така наведнати над моб. Накај 12 на полноќ заминав дома, а после само десет минути ми се јави дечкото со ливчињата дека добил порака во стил мене никој не ми се меша во она што го сакам, и на крај место потпис му ја пишал регистрацијата. Дечково се извади од памет, почна да ме напаѓа дека сум го вмешала во проблеми, што не го ни осудувам, а никако да ми поверува некој дека со дечкото сум врзала едвај три збора и тоа пред две години.
Ете недела дена го нема, може зошто не сум излегла...
Прв пат ми се случува ова, може и малце глупаво што тука споделувам, ама лошо е, одвратно и неподносливо да имаш нешто вакво закачено за врат.
Сигурна сум дека дечкото е психички растроен, опасен манипулатор, егоист и социопат.

Секогаш постои можност да се она што сте го виделе на тв и ве згрозило, за кое сте помислиле зар и вакви луѓе постојат на планетава-може да ви се случи и вас.
 
Последна промена:

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
@Хоуп* , на ликот треба да се делува воспитно-педагошки со помош на методи познати под поимот - ќотек. На тој начин најбрзо ќе биде превоспитан и ќе загуби желба за следење. Што значи браќа, роџаци, другари... нека му залепат неколку онака, за почеток. :cool: Имам слушнато и за други такви ситуации заедно со муабети за незаинтересираност на органите за ред и мир, што и не е некоја новост...
 
Што знам јас сакам да стојам на страна од проблеми и ако превземам нешто мислам дека само ќе се влоши се. За полиции не размислувам ни под разно, повеќе ќе ме малтретираат од него и на крај џабе. Или ко што викаш ќе им чуе за некој таму што немал што да прави па губи време со следење.
А вистина мислиш дека во денешно време некој би застанал во твоја одбрана до степен да се тепа за тебе па макар ти бил и брат?
Тешко.
 
Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
Имаше еден од Прилеп така што следеше луѓе наваму натаму без некоја цел. Претежно досадуваше. Ќе се залепеше и те труеше.
А вистина мислиш дека во денешно време некој би застанал во твоја одбрана до степен да се тепа за тебе па макар ти бил и брат?
Тешко.
Ништо не е невозможно. Никогаш не ја исклучувај таа можност.

Sent from my ST21i using Tapatalk
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Ништо не е невозможно. Никогаш не ја исклучувај таа можност.

Sent from my ST21i using Tapatalk
Е ајде ќе ти пратам податоци од него во пп :D

Можеби, но јас сакам да стојам и да ги држам блиските подалеку од физички пресметки и можни последици.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 84 sk_Y ^_- and Y1K991

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Што знам јас сакам да стојам на страна од проблеми и ако превземам нешто мислам дека само ќе се влоши се. За полиции не размислувам ни под разно, повеќе ќе ме малтретираат од него и на крај џабе. Или ко што викаш ќе им чуе за некој таму што немал што да прави па губи време со следење.
А вистина мислиш дека во денешно време некој би застанал во твоја одбрана до степен да се тепа за тебе па макар ти бил и брат?
Тешко.

За жал во право си, се` помалку постои таков вид на bonding, (во недостаток на соодветен збор) ама се надевам дека не е сосема исчезнат тој вид на заштита на блиските или на пријателите.

Кога сме кај гонителите има еден кој стои рамо до рамо со Џек Мевосек, Зодијак и слични селебрити манијаци, кој избегал на правдата и никогаш не бил фатен па дури и `инспирирал` копи-кет следбеници...
http://en.wikipedia.org/wiki/Original_Night_Stalker
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Има некој што е повеќе упатен во правните работи во земјава?
Има закон за ваквите работи, шанси да се изнуди некоја забрана за пристап, нешто некој спас од ваква ситуација?
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Има некој што е повеќе упатен во правните работи во земјава?
Има закон за ваквите работи, шанси да се изнуди некоја забрана за пристап, нешто некој спас од ваква ситуација?
Ако ти навлегува во приватност можеш да бараш спас, инаку ако само си забележала дека некој те следи не можеш да забранеш некому да те гледа. Разговарај со некој адвокат, ќе ти објасни што и како.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Има некој што е повеќе упатен во правните работи во земјава?
Има закон за ваквите работи, шанси да се изнуди некоја забрана за пристап, нешто некој спас од ваква ситуација?

agree with existence, не знам дали се продава пепер спреј или нешто слично или било каков вид на средство за одбрана, од друга страна ликот може да е пасивен манијак и да не оди подалеку од пратење, сепак треба да си сигурна за што се работи. Ако имаш заеднички познаници со ликот распрашај се, можеби некој знае нешто. Општо, ако има некаков `историјат` сигурно некој има чуено за тоа...
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Ако ти навлегува во приватност можеш да бараш спас, инаку ако само си забележала дека некој те следи не можеш да забранеш некому да те гледа. Разговарај со некој адвокат, ќе ти објасни што и како.
Па почна од следење и гледање, сега продолжи и со закани и мешање насекаде, навредување, кажување невистини. Плус следење...
Како што минува време станува се поагресивен и похрабар во малтретирањата. И сега не сум само јас, еве и демек случајно ја сретнал баба ми на гробишта, па се понудил добронамерно да ја донесе дома. Случајно шетал 5 км надвор од градот и случајно баш на мојата баба налетал...