Јас си го имав брзо овој проблем.
Пред две години додека уште бев гостин во градов, случајно запознав еден дечко. Повлечен, мирен, љубезен...
После неколку случајни средби ме викна на кафе, љубезно го одбив и мислев дека тоа било тоа, готово со него...
После некое време кога се преселив тука почнав да го гледам насекаде каде што одев. Некогаш ми приоѓаше, некогаш не, но никако ни за секунда не тргаше поглед од мене каде и да бев, со кого и да бев, до кога и да бев. Прво мислев дека е случајност, ок е мал е градов ете сме се погодиле да излеземе на исти места. Ама...
Еден ден бев демек на дејт со еден дечко, и кога се вратив дома ми стигна порака на фб: џабе се криеш, знам за новиот дечко.
И ова го оставив зад себе. После некое време бев кај дечково на роденден. На тараса пушевме цигари и во рок од десет минути мојот 'пријател' триесет пати сврти околу зградата.
Ме советуваа да кажам некому, да го спречам, не е нормално тоа, но пак оставив така....
Пред недела дена, ме викна вујко ми да ги чувам малите и демек да дојде да ме земе, па ќе одел со пријател да купуваат делови за колата. Замислете кој шок беше за мене кога тој пријател на вујко ми беше тој што не ми даваше мир.
Додека јас не превземав ништо, тој се спријателил со дел од мојата фамилија, дури и три пати беше на вечера кај нив.
Врв на се беше кога минатата недела бев во еден кафич со друштво, па јас и еден другар имавме пишано ливче и нон стоп гледавме, пратевме во моб, па може и сме изгледале поблиски така наведнати над моб. Накај 12 на полноќ заминав дома, а после само десет минути ми се јави дечкото со ливчињата дека добил порака во стил мене никој не ми се меша во она што го сакам, и на крај место потпис му ја пишал регистрацијата. Дечково се извади од памет, почна да ме напаѓа дека сум го вмешала во проблеми, што не го ни осудувам, а никако да ми поверува некој дека со дечкото сум врзала едвај три збора и тоа пред две години.
Ете недела дена го нема, може зошто не сум излегла...
Прв пат ми се случува ова, може и малце глупаво што тука споделувам, ама лошо е, одвратно и неподносливо да имаш нешто вакво закачено за врат.
Сигурна сум дека дечкото е психички растроен, опасен манипулатор, егоист и социопат.
Секогаш постои можност да се она што сте го виделе на тв и ве згрозило, за кое сте помислиле зар и вакви луѓе постојат на планетава-може да ви се случи и вас.

Последна промена: