Она што јас го приметувам од модерниве „фотографи“ (секој што има камера над 5 MP одма аЛтомацки станува фотограф или па ако има канон... ихааа пишано му е да биде фотограф) е дека речиси никој не обрнува внимание на еден многу битен психолошки ефект кој многу влијае на перцепцијата на „примателот“ на сликата, а тоа е каде (на кој дел од сликата) се наоѓа главниот настан. Обично луѓето не гледаат точно во центарот на фотографијата туку некаде на страна каде што има „настан“ кој им привлекува внимание, а со самото тоа што окото и објективот не функционираат ни приближно исто ова многу влијае на перцепцијата. Еве преку примери од рандом фотографии што ги најдов листајќи онака по нет. Ќе образложам и зошто Јас мислам дека се лоши/добри.
Пример за лоши:
Овие две се со многу лошо поставени цеентри на внимание (втората не ни има некој центар). Првата ја гледаш и осеќаш ко да имаш виснато два облаци над главата кои ти го попречуваат видот и не можеш никако да ги тргнеш сем да си ја тргнеш сликата од пред очи. Не сум ни сигурен што поточно сакал авторот да претстави, дал сакал лошо паркираниот автомобил да го потенцира или пак нешто друго, не знам. Истава фотка да била направена едно 7-8 метри повисоко би изгледала супер, но вака мостовите зафаќаат преголем дел од фотографијата и станува напорна за гледање. Убаво е да се истакне делумна симетрија, ама перспективата и „настанот“ се многу побитни.
Втората па не можам воопшто ни да најдам некаков центар на збиднувања, нешто да ми привлече внимание. Онака „шкрапнато“ колку да се покаже дека апаратот има црно-бел ефект (пошто нели тоа е нова техника, па мора да се поекспериментира малку). Ужас од фотографија.
Пример за добра фотографија:
Убаво осмислени теми, убаво наместени ефекти, нема многу симетрија ама затоа има силно истакнат „настан“ кој што се прикажува и кој ти го влече видот натаму. Убаво искористено светло, бои и убаво прикажани фотографии кои ги перцепираш онака чисто, без да се двоумиш каде би гледал и што би видел.
(Пошто темата е и за дискусии, се надевам некој ќе се надоврзе. Не дека јас сум нешто фотограф или што ти знам што, но колку-толку би можел да проговорам по нешто.)