Ова „фала, пријатно“ ми е врвот, ко демек „ти го кажав и ај сеа гони ми се“.
Мораме, ветен ни е одмор на Малдиви, егзотични танчерки и црнци-масери. Немој со свој камен, и ти си бил член на оваа администрација.
Тебе речиси и воопшто те немам среќавано освен во Филм и ТВ, па да ми паднеш на памет, ама ако се пронајде, фино. А и секој друг може сам да ме цитира ако се пронашол, нема потреба од нагаѓање, посебно не од мешање членови ко Шака, кој водел форуми и пишува од искуство и Аутрајдер, кој не знам како го вовлече во муабетов, со оглед на тоа што е еден од најактивните и е активен насекаде, па и те како може да се буни...или може газ им лижам да не ме напаѓаат.
Општо земено, реакциите веќе две години се тие, ама пошто селективното читање не наведе стриктно до скинот и пошто тебе те цитирам, тебе и прашањево ќе ти го поставам - кај пиша „сменете ова, ставете ваква боја/позадина, онаков фонт“, па тогаш да можеш да речеш дека ти, како член, се буниш зашто не си земен предвид? Ако избришаната критика ти го содржела тоа, јас искрено се извинувам и те поддржувам во побуната зашто бришење и казна(!) за такво нешто ни под разно не смеат да се случат, но ако било само мислење дека е тапа, не правиш ништо поразлично од Ноне муабетите.