дали ке може некој да ми го „ среди “ есејов од 496 на 450 збора ? навистина незнам веќе што да отфрлам [ за утре ми е
]
Зборот сам по себе претставува моќ бидејќи , преку зборовите ја разбираме реалноста и самите себеси. Начинот на кој ќе ги употребиме зборовите зборува многу за нашата личност .
Кога поминуваме по улица слушаме толку зборови , изговорени несвесно и непромислено... Милиони беспотребни , бесплатни информации кои ни го бомбардираат умот секојдневно. Во последно време каде и да се свртиш гледаш само живи мртовци од кои излегуваат досадни и празни зборови , без апсолутно никаква вредност . Ќе ги слушнеме на телевизија , прочитаме на интернет , весник , во автобус , во такси ... И повторно истите тие клише муабети . Во такси , таксистот ќе врти безползен муабет за тоа колку е ладно надвор (и покрај фактот дека соговорникот многу добро знае дека надвор и пингвини паѓаат во несвест ) . Во автобус – вечно старите луѓе се тука за непотребно да се жалат на непознати лица за нивните болки , внуци , парите , политика ... Сепак , постојат и добро одбрани зборови кои склопени во една кажуваат нешто навистина вредно. Изборот на зборови при изразување е условуван со нашите ставови , погледи кон животот , фантазии и определувања.
„
Колку што можам да кажам , толку е мојот свет “ – рекол некој филозоф кој во тоа време владеел. Денес , кога постојат доста начини за општење , сметам дека во неговото мислење има многу вистина. Луѓето денес прилично многу зборуваат , а малку знаат . Сепак тука се и оние за кои велиме дека е привилегија да ги слушаме
„ Зборот му е даден на човекот , за да може да ги скрие своите мисли и чувства “ – рекол Малагрида . Вистина . Неретко не го кажуваме она што го мислиме.Сите сме помалку лицемерни оправдувајќи се дека кажуваме бели лаги . Впрочем , се е лага , и ние самите сме лага пред себе си , а зборот прави да тоа непрекинато лажење го ублажиме со слатки зборови (кажани пред другите а и пред огледало )
„Јазикот е поостар од сабјата“ – Народот имал право кога ова го кажал . Сосема ни е јасно дека јазикот како орган не е остар , но исто така ни е јасно за „ другата острина“ на јазикот . Зборот може многу да повреди , но и да не увери во некои убави работи . Зборот има моќ , повеќе од што би сакале да има. За мене моќта на зборот доаѓа од устата на оној кој ми е важен и чие мислење го ценам и почитувам . Зборот не го прави моќен неговото значење , туку личноста која го кажала.
Сите нас не повредил некој збор и затоа сите ја сфаќаме силата на зборот . Кога ќе бидеме повредени се пред нас ќе се сруши , ќе се разочараме , можеби и самодовербата ќе ни се намали но потоа повторно
само еден збор ќе може се да поправи – ИЗВИНИ .
( Извинете за секое препознавање и индиректна навреда , но , тоа е моќта на зборот )