Играорна

Играорна?

  • Имате одено во минатото

    Гласови: 8 47.1%
  • Сеуште одите

    Гласови: 3 17.6%
  • Немате одено

    Гласови: 9 52.9%
  • Немате одено,но сакате да одите

    Гласови: 3 17.6%
  • Имате одено но не ви е убаво

    Гласови: 2 11.8%
  • ПРЕКРАСНО Е!!!

    Гласови: 4 23.5%

  • Вкупно гласале
    17
  • Poll closed .

Malinna

Староседелец
20 јануари 2014
48
41
1,018
28
Јас одам на играорна, па се инспирирав малце, ај да видиме вие што мислите за мојот избор на спорт да речеме.Па ќе видиме,според гласањето кое ќе истече за 30 дена.!!!
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Играорна ти е секција куде што играш досадни ора и клатиш цицке како нестегнат пудинг, а од друу страну прошеташ гу пола Европу
: )))
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Немаме одено, а и не сакаме да одиме. не знаеме да играме оро. Јас сум тип што седи на маса (се гледа по мене).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and TheQueen

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Немам одено на играорна, а и не планирам да одам.
Како што реков, немам одено, а тоа значи дека не можам да кажам дали ми е убаво или не.
Јас не сум многу по орото, онака, дали воопшто знам да играм, а и ми е некое задоволство. Дури и на свадби не играм. Само седам, бројам секунди, си мислам во главата драми или понекогаш онака кружам во околината на ресторанот. Вистински пекол ми се свадбите.
Би можело да се каже дека не ме бидува за оро.
Сум се обидела еднаш да мавам нозе на свадба, но потоа се засрамив и си седнав на столчето како и обично.
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Избор на спорт:zelen
Ви фалат коефициенти во кладилница па може и плата ќе ви даваат, па и спорска пензија ако даде господ.
Иначе имам прочитано за тој универзален родителски муабет: Запиши се на играорна, да го видиш светот.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Јас идев на играорна од второ до некаде осмо при крај, па ме избркаа зошто на пауза си запалив цигарче и ги фатив сите за врат па со сила им бутав цигари во уста и им се заканував дека ќе ги убијам ако не пушат. Се шалам нормално дека не беше така, ама оди докажи им. Нема врска...

Не играм по свадби и јас дремам на маса, ама си го сакав времето поминато во играорна. Може поради патувањата и дружбата најмногу, ама имам убави спомени од тоа време.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: AnGelgirl24

МиГ 21

Староседелец
12 ноември 2012
1,252
2,458
1,133
Прилеп
Немам одено, но секогаш сум го гледал КУД „Мирче Ацев“ или „Танец“ и сум уживал....моите две ќерки одат и обожаваат да одат :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: AnGelgirl24 and violetmoon

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Пред се играорната не е спорт туку некој друг вид уметност.
Одев некои 6 години на играорна, од трето до 8мо одделение од прилика. Ја скршив десната рака и морав да мирувам некое време и така престанав да одам. Убаво ми беше, уживав. Музиката свири, а ти се внесуваш и даваш максимум од себе за цела кореографија да изгледа убаво... вложуваш енергија, а добиваш дупло повеќе...
Сеуште се восхитувам кога гледам настап на некое уметничко друштво.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Одев од прво оделение па се до бруцош на факултет.
Ги обожавав часовите по играорна и екскурзиите со друштвото од играорна.
Нај запамтено ми остана ,,патешествието,, до Турција.
 

Malinna

Староседелец
20 јануари 2014
48
41
1,018
28
Немам одено, но секогаш сум го гледал КУД „Мирче Ацев“ или „Танец“ и сум уживал....моите две ќерки одат и обожаваат да одат :)
Да, и јас сум во КУД Мирче Ацев, следниве неколку години ќе бидам у Прилеп,од Прилеп сум родум ама заради факултето што ќе студирам морам повремно да одам таму да си го средувам станот.Сигурно и ти си од Прилеп?