Играорна

Играорна?

  • Имате одено во минатото

    Гласови: 8 47.1%
  • Сеуште одите

    Гласови: 3 17.6%
  • Немате одено

    Гласови: 9 52.9%
  • Немате одено,но сакате да одите

    Гласови: 3 17.6%
  • Имате одено но не ви е убаво

    Гласови: 2 11.8%
  • ПРЕКРАСНО Е!!!

    Гласови: 4 23.5%

  • Вкупно гласале
    17
  • Poll closed .

МиГ 21

Староседелец
12 ноември 2012
1,252
2,458
1,133
Прилеп
Да, и јас сум во КУД Мирче Ацев, следниве неколку години ќе бидам у Прилеп,од Прилеп сум родум ама заради факултето што ќе студирам морам повремно да одам таму да си го средувам станот.Сигурно и ти си од Прилеп?
Да, сигурен сум дека сум од Прилеп :cool: Поздрави го Славе :)
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Одев и јас на играорна се додека не почнав да го живеам студенскиот живот. Кога станав бруцош почнав да одам на проби во Танец бев само на 4 и вистина секоја чест на тие што членуваат таму , ми беше тешко имаат проби секој ден и тоа 2-3ч и тоа зависи дали имаа настапи се откажав и сега се каам заради тоа го прошетаа целиот свет и заслужено. А во играорното друштво во кое почнав бевме Турција, Романија, Србија, учествувавме на неколку фестивали и секогаш се враќавме со награда. Вистина се каам што не продолжив, ги знам сите ора од источно - вардарскиот дел овие од западна ги имам заборавено и нај омилено ми е паланечка тројка :zelen ги сакам брзите ора :zelen

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: AnGelgirl24

AnGelgirl24

Нов член
16 јули 2013
29
17
3
И јас идев на играорна некое време .. од 2ро-3то до 1ва година средно и прекинав затоа што почнав со нешто друго да се занимавам и сега ми е криво зашто се откажав..можев со двете да продолжам..ама од дома ми викаа дека неможам се да издржам блабла и така..иначе многу убаво се чувствував :) шетавме сегде..по Европа..и секогаш се враќавме со награда..во Бугарија 1во место освоивме :)
 

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Одев на играорна пет или шест години, не знам точно. И се уште се каам што се откажав. Копиљ, ме мрзеше да се влечкам неколку пати неделно до МКЦ.
Тие години ми беа најубаво поминатите години. Бев прилично мала кога почнав, петто одделение чинам. Нема да го заборавам моментот кога од групата со почетници само јас бев избрана за нагоре.
Растев, а најважно се развивав правилно. Држев линија каква чинам веќе нема да имам. Учев, а пред се се дружев. Ги обожавав сите концерти, мини и големи турнеи.
Тогаш го мразев викањето на инструкторот да се исправам, а сега ми недостига.
И не, играорната не значи играње на свади прв на коло. Впрочем свадбите немаат допирна точка со играорната.
За мене играорната е нешто многу повеќе. Чувството кога ја облекуваш претешката носија, црвениот кармин и кренатите шишки и ден- денес ми претставува едно од најчистите чувства.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: AnGelgirl24

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Моите ко мала сакале да ме запишат,ја сум им викала '' е да бе, неќам селанка да бидам да носам селски носии'' :D
А сеа си викам море како не ме запишале ќе си се прошетав по свет и ќе знаев по некое добро орце да играм,па ќе идев повеќе по свадби да се истакнувам :D:ninja
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and Lena

Special

Истакнат Член
22 август 2013
47
19
108
Одев 3ипол години додека да појдам средно.После некако немав време не можев на проби да одам да се фокусирам на концерти и кренав раце :)
Инаку убаво е ем учиш ем се забавуваш ем шеташ на турнеи :igra
 

Марушка;3

Нов член
12 ноември 2015
1
0
1
46
Odenje na igraorna e ubavo zatoa sto se ucat tradicionalnite ora ima druzenje se seta celiot svet i igraornata ne e samo tresenje cicki i idenje samo radi setanje toa e pocituvanje kon tradicijata i tradicionalnite ora na Makedonija pozz ;):*
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Јас сакам на секој танц да му најдам смисла: да се гледа зошто се прават некои потези. Самата кореографија да создава приказна без да се зборува.
Ората...рака на срце, никогаш не успеав да ги гледам како приказна. Затоа и никогаш не отидов на играорна.