Не знам што ми се случи мене со очите, последните неколку месеци си имам огромни проблеми со црвенило, а сега и со болка и потекување. На лекар сум била, користам капки, избегавам шминка... Тоа ми го рекле, тоа го правам.
Ама нема помин. Се губи, па по време се појавува пак. Ете денеска повторно... И најлошо. Буквално како да ми испукале сите капилари во очиве...
Што можете да ми кажете и помогнете повеќе, ама којзнае може и некој имал ист проблем или знае некои народни стари лекови?
можно да ти е некоја инфекција...си пробала со кесички од чај?? стави 2 од камилица, помагаат како и за подочњаци претходно натопи ги со топла вода, нека се оладат па нанеси ги на затворени очи и мирувај едно 15 мин...кажи ми после шо бидна но се мислам да одиш пак на очен, ова ми изгледа сериозно обично земаат со брис да дознаат за каква инфекција се работи...едино и тоа ако не ти го направиле веќе..