Интересно не знаев за течностите дека помагаат за другите работи да ама не ги практикувам баш освен кафето и солта.
А иначе дневно околу 3-4 литри течности внесувам и тоа повеќе чаеви. Трпнењето највројатно од слабата циркулација ќе ми е пошто и лето и зима рацете т.е дланките ми се кочан ладни, а зима и ми помодруваат дома кога сум, а за надвор да не зборам.
А за притисоков интересно ми е тоа што нели кога сме активни нормално е да се покачи, а кај мене обратно ми паѓа уште толку и тогаш најчесто ми се стемнува пред очи, почнува да ми се врти, ми се затнуваат ушите итн.