Целосна карактерна компатибилност е најдобра ствар. Што значи Аутрајдер...само со цицки и долга коса. Сличност во погледот на животот и перцепцијата би бил џек пот.
Шо ако си е ок женската ама виси по штабови и целта и е да се пикне во администација? Не оди шо не оди...
Изгледот не е премногу значаен, нормално да не биде наказа, циркуска атракција или со shock & owe физиономија на кинеска кревачка на тегови.
Раса и етникум небитни, може да биде и еврејка, баш биле кул. Секако абориџинки или маорки не доаѓа предвид, тешко е да се одреди шо е маж а шо жена меѓу нив.
Класни разлики....само да не е од богата фамилија, размазеноста е пат кон нервна растроеност.
Бидејќи наведеново е нешто како светиот грал, бескраен копнеж низ темните понори на свеста а богами и потсвеста, искуството од досегашните фејлови од врски и самоизмами, тешко е да се очекува таква среќна судбина како што е наоѓање на таква особа. What`s the second best thing? Don`t know. No more illusions at least
Шега на страна, се сложувам со мислењево во целост. Некоја која работи политички ради љубов кон партии ми е голем turn off. Надворешно имам малку поголема слабост кон црвенокосите (нормално да им стои косата) додека плавите ми се уклапаат помалку во играта (статистички ако земеме сите врски што ги имав до сега). Но тоа не може да значи ништо. Искрено не сакам експериментаторки во својата коса да се маскираат џоа дастер - све ми боје лепо стоје. Факт е дека се експериментира со косата, но секогаш има една единствена боја која си владее во нивниот тој надворешен изглед. Зависи од девојка до девојка.
Порано не сакав штикли на девојка но сеа ми изгледаат потаман. Нормално не као оние на бугарскине турбофолк певаљки со џиџи-миџи и евтин циркон налепен на врвот, туку IKEA дизајн на едноставност. Да ја прави да шета атрактивно а не као на штаки.
Девојки кои се трудат околу својата лична хигиена. Се дешава девојка да не можела да се доспреми поради скратено слободно време, но ако основните хигиенски навики ги запоставува ради некои лични каприци и одење инает, major minus.
Висина статистички до сеа некако со пониските ми одело нагоре (зборам за квантитет) додека квалитативно е нерешено. Значи не игра улога висината.
Стил на облекување... Шо знам. Реков погоре за штикли, тука ќе кажам (и нема да лажам) дека девојка во фустан што убаво и` прилега може да иницира желба за подобро запознавање. Тоа не значи ако е дебела треба да носи миниќ. Сум видел девојки со здепаста фигура (мало набиено со газе развиено) кои очајно лошо се облекуваат, па тек по неколку проби за разврзување на муабет самите се докажаа дека всушност се работи за одлична личност со катастрофално лош вкус за облека. Значи облеката не игра клучна улога, но може многу работи да скрати.
За накит и стил... Немам некои предрасуди, но пирс на јазик не ми е по ќеф. Другото си е во склоп на стил на облекување.
Е сеа идеме на потешкиот дел - личност.
Како што погоре спомнав личности кои животна цел им е да дудлаат на политичари (зборам само ради лични интереси), ми е голем минус. Тука би ги ставил и преголемите флегми. Флегма во стилот како едната страна (јас) потегнувам цела иницијатива а додека другата страна (таа) прифаќа и нема никакви примедби околу тоа. Сакам девојката кога се поставува самата како предизвик. Кога пробува малку да ми ја раздрма сивата маса во черепот, но која исто ќе знае кога е сериозно нештото а кога не е. Исто и јас се поставувам најчесто. Може и да има несогласности на ваквиот карактер (она мислела сериозно јас не, и обратно). Но секогаш да се има разбирање и начин за да се реши тоа на разговор. Не ми се многу омилени премолчувањата особено ако се работи за сериозен муабет. За жал секогаш таквиот многу ретко се постигнува nowadays.
Статистички земено повеќе врските ми се базирале на девојки кои биле од лингвистичката и психолошката бранша, но тоа не мора да значи дека е така. Сепак детрминираноста си има цена. Повеќе би упалило за девојка која знае што сака, отколку девојка која е изгубена тотално во времето и просторот. Вредност ценам повеќе од мрзеливост. Барем за сериозни одлуки и работи.
Нешто што многу ценам е да не се срами од тоа што го работи. Истотака да не се става над оние што работат едноставни работи. Тука има огромен плус. Преголемата претенциозност кон некои неостварливи цели може да помогнат но најчесто нереалното согледување на работите не ми се допаѓа. Сонувачите ми се симпатични, особено оние кои знаат таа своја дарба да си ја искористат паметно, но оние сонувачи кои се стремат својата дарба да ја преточат исклучиво како што им диригира публиката, целосно им пропаѓа во вода трудот. Уметник каде уметноста самиот тој ќе си ја цени. Од логичарки не ми се допаѓа онаквите кои се` вреднуваат преку призмата на кантарот. За се` ставаат прибелешки, преголема ситничавост. Но ова не има голем удел. Имаше една врска каде таа беше тежок ситничар, но поради тоа што често ја доведував до лудило, и ми беше симпатична кога беше лута. Се` зависи од начинот на лутење.
Едно што не можам да поднесам е контролирање покрај целосната моја посветеност и внесување во врската. Значи од константните прашања - „а каде беше, а со кого беше, а вака, а така, а зошто не ваму, а зошто таму“, ме доведува до моментот кога ставам катанец на врската. Треба да се почитува еден мал дел на лична приватност, иако можеби животот ќе не` внесе во заедништво. Башка отворен сум и скоро секогаш ги кажувам релациите каде се движам.
Да обожава животни ми е плус.
Да знае да готви ми е плус. (ќе готвиме заедно де

)
Да сака да патува ми е плус.
Да сака да плива на долги стази ми е плус.