Интересни ми се луѓево што кога ќе се одлучат да прочитаат една книга, пишуваат на фејсбук дека ја читаат, потоа следат цитати од истата, па 1000 слики од книгата, од кафето, дури се чита книгата, по можност печката, каминот, лампионите и дури и се дотеруваат, се шминкаат за да ги има на слика како читаат.
Мислам, џабе е сето тоа, кога книгата ја читаат за да се пофалат колку тоа се начитани и колку тоа тие уживаат во пишаниот збор. Книгата се чита кога си сам, се доживува, се впива.
Веднаш се познава кој е вистински љубител на книга, а кој е позер. Џабе се сите перипетии што ги правите, јасно му е секому кој колку навистина ја разбира таа книга и кој колку навистина чита.
Друго, сметам дека сите најдобри книги од нашава Македонија треба да се препрочитаат уште еднаш кога си 20+ години. Поинаку го сфаќаш Ацо Шопов на 15 години, кога те тераат да го читаш, поинаку кога си зрел и кога вистински сфаќаш што сака да каже.
Среќни празници, народе