Сакам да кажам/Сакам да прашам

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
1491771_521977837923057_332153367_n.jpg
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Демек проблемот со загадениот воздух во Скопје магично исчезна со исчезнувањето на маглата???
Ех, мила моја Македонијо - секое чудо за три дена.
Веројатно ќе чекаме да не проголта пак магла за да воведуваме екстремни мерки за прочистување на воздухот.
Дотогаш ве молам дишете од навидум чистиов ни воздух : ))
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Оди си таго, не ми требаш , имам премногу проблеми и без тебе.Имам многу недовршена работа, недопишани текстови, недосработени работи. Што ќе си ми? Се повеќе и повеќе во секој миг се зголемуваш со геометриска прогресија. Ми е потребен мир. Загуби се во маглата, да не те гледам , да не те чувствувам, да не зборам со тебе, бегај!
Таго , ми тежиш во главата и во срцето, ќе ми пукнат, знај. Не можам да те носам , претешка си, предолга , пресилна. Ми се гади, ми се повраќа.
Чуј, да не те видам барем до утре.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
Народов е толку глуп.....Поидиотски народ во животов немам видено....
истоварија цел трактор дрва за да палат оган....(facepalm)
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Ух,ама случки ми се изнадешаваа во еден час.Помешани чувства..шта да ти причам (think)
Одам да вежбам јас,кобајаги сеа сите на огин се па ќе си вежбам на мира.А цела недела претходно ме боле половината,се прашувам од шо може да е. И така си вежбам јас и ми доаѓа еден дечко и ми вика: Ти дете грешка а правиш вежбата. Се тргнувам јас ми покажува како е правилно. Се смешкам и се обидувам да бидам љубезен а однаврте горам.Не сери!Цел месец изгубив ради што?Дури па се прашувам зошто нема резултати (facepalm) Ете зошто ме болела половината, сфатив откако ми објасна човекот.И си се лутам јас на себе така што сум бил толку глупав и не а праев правилно вежбата,кога влегуват две девојчиња. И тогаш а гледам (добро,зјапам у неа) женската од убава поубава.Розеви три четврти онака залепени за нејзе (уффф .. ), бела горна тренерка и бели патики. Косата и е фатена во репче и и се мотка натаму-наваму додека оде.Си уклучува тувелефонот,си ги става слушалките на ушите и седнува на точакот.
Си вежбам јас што си вежбам и преминувам на друга справа.Леле шо ми се дешава?Немам ни грам сила.Како претепан човече, раците ми се тресат, нозите ми се тресат... гледам во девојкава а таа гледа во мене и се смешка. Во себе го проколнувам стекот што го изедив пола час пред да одам да вежбам додека поцрвенувам од срам. Се враќам на теговите демек да се покажам,ама оваа престанува да гледа во мене. Седнувам малку да се одморам и ја гледам чачка нешто на телефонот.Се прашувам каква музика слуша. Ми иде некако многу нежна за да слуша рок,а не верувам ни дека слуша поп. Ми се свиѓа, дефинитивно. Во мене нешто се дешава. Девојчето е прекрасно,мистериозна е и две-три години постара од мене. Погледите што ми ги упатува дефинитивно ме освоија. Дали флертуваме без зборови?Се фаќам себеси како несвесно и се насмевнувам додека а бришам потта од челото.Сфаќам дека ја исклучила музиката кога го зема шишето со вода и ми вика:
-Жеден си?
Ја гледам.Да пијам од шишето што таа пиела? Го земам шишето побрзо отколку што сакав. Кога ќе се сетам дека нејзините усни го допреле, се смешкам. Се прашувам како е да се бакнат тие меки усни.
Ми кажува како се вика и ме прашува како јас се викам.Ми кажува дека е втора година на факултет (значи во право сум ја проценил,три години постара од мене) и јас ја прашувам како е на факултет,дали е тешко.Додека зборуваме се мислам како да и го земам бројот.На крајот попуштам со нервите и ја прекинувам додека ми раскажува некоја случка со другарка и (која не гледа отстрана и се смее- очигледно интересни сме и),ја прашувам за бројот.Ми го дава. Некако сум многу недоверлив,па и велам ќе ти титнам.Ми покажува додека и ѕвонам и ми вика: Мислиш те лажам?Се увери ли?
Дали почнувам да се вљубувам?Постое ли љубов на прв поглед? Или само сум воодушевен од нејзиното внимание?
Ми ѕвоне баба.Ме чекале братучедите,да сум побрзал.И кажувам дека морам да одам,но ќе ја барам за кафе.Ќе била уште една недела во градот,после заминувала за Скопје. Кимнав со главата и се вртам.Таман да си заминам кога ја слушам зад мене:
-Еј-ми вика,а јас полека се вртам-Друг пат пред да идиш да вежбаш да не ручаш.
Се смеам.Не знам што да одговорам.Се посрамотив у пм :mad: Се вртам и си одам.И цел пат накај дома се смеам.За никаде.Тууу каква брука.Но сфаќам дека ми се свиѓа.Девојчето дефинитивно ми се свиѓа.И си дозволувам бар денеска да мислам дека нашево не беше само еден обичен флерт.Би сакал да порасне во нешто повеќе.Како и да е,уште утре и ѕвонам за на кафе.А вечер нема шанси да заспијам.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Познат е текстот. Повели мапа на Скопје, има печатни грешки, пишано е како Прилеп, башка и улиците се измешани.Но во долниот дел од мапата се забележува Airport. Имаш интернет, па провери дали е Петровец, или денешна населба Аеродром. Слободно. Мапава сигурно е од пред земјотресот. Гледам направена е по податоци на Војно географски институт Краљевине Југославије. Тао ги поткрепува моите мислења дека стариот скопски аеродром не бил на местото на денешен Аце Македонски, туку поблизу до Скопје.


Може да се наоѓал кај денешната населба аеродром иако не знам дали тоа место се викало Петровац бидејќи секаде се сретнува под тоа име.
Од картава се доаѓа до шокантен заклучок дека Прилеп постоел и во тоа време и дека некое го мешале со Скопје :)
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
Може да се наоѓал кај денешната населба аеродром иако не знам дали тоа место се викало Петровац бидејќи секаде се сретнува под тоа име.
Од картава се доаѓа до шокантен заклучок дека Прилеп постоел и во тоа време и дека некое го мешале со Скопје :)
Прилеп постои и пред комунистите. Налетав и на ова во меѓувреме. На Мк.Википедија

Населбата го добила своето име по воениот аеродром наречен „Скопје“, кој се наоѓал кај поликлиниката „Јане Сандански” и касарната „Гоце Делчев“. Аеродромот бил бомбардиран од страна на нацистичка Германија во април 1941. Првиот патнички авион слетал на 15 јуни 1928 година. Авионот бил од типот „Потез-29“ од француско производство и превезувал 5 патници.

Код:
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%90%D0%B5%D1%80%D0%BE%D0%B4%D1%80%D0%BE%D0%BC_(%D0%BD%D0%B0%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B1%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider