Абе ти кај живејш...во арапскиве емирати?
Машко што клецнало 4-5 жени во колкав рок?
Докторката ми е само другарка и си правиме општ муабет за се и сешто, нема врска со озборување, тоа ти е како политички муабет за ситуација околу државава... а за подучување оди ти поднаучи ги во пубертетот кога се.
Ете не мора докторката можам и јас да ти потврдам, бидејќи работев во дискотеки и следев што се случува...море на 16 години тројки прават, се разбира не сите, тие што не прават само посматраат и сакаат да пробаат.
Таква е денешницава, ак не ти се свиѓат оди жали се кај Таше судијана- ние така викаме во Охрид.
пс. Изгледа долго време не си излегол по дискотеките, да разгледаш што се случува.
ппс. Не запирај го зборувањето, не се секирај за темава и онака ќе остане заборавена па можеби затворена поради недискусија.
Живеам во Кичево. Бројката 4-5 девојки / жени ја удрив од глава, а и рокот. Смислата што сакав да ја постигнам ти ја изврти затоа што не сакаше да го одговориш прашањето.
Девојка што до 17 години имала неколку дечковци и веќе имала сексуален партнер(можеби и двајца) ја етикетираш како да е издупена ко пикадо.
Што би кажал за 17 годишен дечко, што имал неколку девојки и веќе една или две сексуални партнерки?
Очигледно ти живееш во некое примитивно место каде што мажите прават што им душа сака, а жените се етикетирани со погрдни епитети само ако ја извадат главата низ пенџерето од својата куќа.
Не, не сакав да зборам политички за ситуацијата околу државава. Сакав конкретно да ти кажам дека другарка ти ја прекршила етиката на својата работа што ти кажала дека средношколки по два пати абортираат(само не ми е јасно како успеваат и покрај законот против абортус * кој патем не знам дали функционира).
Многу често излегувам по дискотеки. Многу често зборувам со средношколки. Не е таква денешницата. Го има оној дел од девојките и момците кои уживаат во тоа и го прават почесто отколку друг дел од девојките и момците. Реално, го има сега тоа, го имало порано, го имаше во мое време ќе го има секаде.