Е го погоди верникот сега...
Не сум верник. Телемит сум. Магичар. Треба да објаснам сега разлики по милионити пат?
Верници раѓаат само религиите! О.Т.О. не е религија! Телемата за мене не е религија.
Јас не сум САМО иницијант во О.Т.О.
Така да не може да ме ограничиш според твоите искуства и незнаење во врска со тајните организации.
Ти воопшто не ме читаш што пишувам или само брзаш да одговориш на темава тука, без да размислиш што ти е кажано или да истражиш нешто повеќе?
Во Книгата на Законот во Второ Поглавје се вели:
„Во сферата јас сум насекаде центар, како што таа, обемот, никаде не се наоѓа.“ За каква ограда зборуваш? Какви шари, какви изјави...
И нели убаво пишува во таму: „Аум! Сите зборови се свети и сите пророци вистинити; освен што тие разбираат малку; реши ја првата половина од равенката, втората остави ја недопрена. Но, ти имаш сѐ во јасна светлина, и нешто, иако не сѐ, во темнина.
57. Призивајте ме под моите ѕвезди! Љубовта е закон, љубов под волја.“ - Книга на Законот
И не ми смета ничие негативно мислење за О.Т.О. , Телемата, Кроули, магика, јога, кабала итн... ми смета неписменоста на критичарите кои се дрзнуваат да критикуваат нешто без да знаат што критикуваат. Затоа тебе постојано те поправам, заради твојата неписменост во врска со Телемата и Редот. А толку е лесно да прочиташ и да размислиш. Ама, те мрзи нели. Кој дочитал нешто што го мрази од дното на душата? Има и такви, да знаеш.
И види што велиш:
„Ништо поразлични не се ни телемитите од христијани,муслимани,будисти и други групи бидејќи сите тие имаат своја добра и лоша страна,во завизност со што ќе им пристапиш така и тие ќе реагираат.“ - точно! Но се зависи од перцпецијата како ги групираш сите луѓе! Та зарем не сме ние припадници на една огромна група која ја нарекуваме ЧОВЕШТВО? И очајно се трудиме да ја промениме таа група! Се е игра денес, искуство...
Зарем не рековме: Човештвото Пред Се! There is no god but man!
И конечно се пронајдуваме во муабетот. И не зависи човечката реакција од тоа како некој ќе им пристапи - туку колку искуство има самиот човек, самата Ѕвезда по својот пат!
И Редот се менува. Само што ти нема потреба да знаеш за Редот и неговите промени и влијанија. За тебе е едно та исто бидејќи - ниту еден официјален документ не си прочитал во врска со Редот! А сепак ете не пак тука да те подучувам каде грешиш за да се поправиш. Нормално, овие коментари од моја страна се и за идните членови на форумов, за оние кои пребаруваат по нет за Телема и О.Т.О.
Знаеме дека ти како припадник на старо-еонските религии никако не сакаш да сфатиш дека Сонцето не умира секој ден. Дека „воскреснувањето“ постои заради глупата сенка на Земјата! Дека спасителот не е некој евреин, кој што треба да дојде од далеку.
И ова траело 2200+ години! И ти мене ми зборуваш за „иста шара на групата“ и се дрзнуваш да критикуваш како Телемата ? Еми христијанството колку е променето? Исламот? Ти сакаш Телемата да ја израмниш со една религија! Абе ајде, тоа е премногу голем залак , та тука сме јавно скоро 120 години.
Која религија ти дава слобода да правиш што ти е волја (да ти даде методи како да се спознаеш себе си)?
Која религија не ти се заканува со страшен суд и страдање, „после смртта“?
Која религија не ти нуди идеи како човекот е грешен по природа?
Знает што вели „Книгата на Законот“ за овие прашања? Ако не знаеш, да научиш и да коментираш подобро во иднина. Не како да сме на пазар!
П.С. И во врска со потписот: гол се појави тука на Земјата само ако ти е битно Телото. Се е до перцепција. Всушност телото е облека, не си гол никаде! Ве лажат таму оние... Црните! Нели Кабс е во Ку, не Ку во Кабс! Прво поглавје Книга на Законот!