Се спремам да го гледам The Conjuring. После сите пофалби, конфети и ракоплескања за филмов, ако ме разочара се откажувам од гледање хорори и мојата изјава дека сите нови обиди за квалитетен хорор филм што вистински смрзнува крв се само епик феил ја заверувам на нотар!
Убава недела помина, викендов за нијанса подобар, некако ми е исполнето душичево.
Полна ми е и пепељарата, ама тоа не е тема на муабет. Не знам зашто упорно продолжувам да си се тапкам по рамо дека не сакам да ги откажам.
Ви фали ли снег? Мене да.