Ако добро разбрав,ти сакаш да го закопаме стариот Еон и да почнеме нов..?Бидејќи темата е сега отклучена (а беше заклучена бидејќи се коментираше без да се прочита било што за философијата и праксата на Законот на Телема), сакам да имаме нов свеж почеток на „нов еон“ тука
Стариот еон е веќе закопан, тоа што ние сакаме или несакаме нема врска со реалноста.Ако добро разбрав,ти сакаш да го закопаме стариот Еон и да почнеме нов..?
Ако добро разбрав,ти сакаш да го закопаме стариот Еон и да почнеме нов..?
Како што гледаш „нов еон“ е во наводници. Тоа значи да намалиш со препирање по темава и да почнеш да читаш книги за да може да дискутираме.
Да го заборавиме старото глупо и простачко зборување за работите без да се знае било што за нив освен од работи запишани на нет од луѓе кои исто така слабо се запозанени со Телемата, Кроули, О.Т.О. , магика, иницијации итн.
А и да е некој запознаен - нечии размисли и искуства за работите со сигурност не се ваши! Не може да земате став на некој и да го прифатите туку така за вистина. Како може да прифатиш нечиј став за Телемата или пак Кроули од луѓе кои се или христијани или воопшто незапознаени со делата кои зборуваат за Законот на Телема? Како ти зборуваш за Кроули кога не си прочитал ниту една негова книга за да му го разбериш дејствувањето на Земјата?
Онака, те пали како некој зборува лошо за Кроули или Телемата и ти по него
Би било мудро ако сакаш да коментираш по темава, да седнеш и да прочиташ некоја книга поеќе кои ќе ги обработуваат овие тематики што ги набројав. Онака ќе сметам дека се е простачки обид од твоја страна да ме навредиш загубен во своето незнаење за Телемата (иако има доволно запишано за да научиш).
Ете така, сега се надевам е појасно.
Стариот еон е веќе закопан, тоа што ние сакаме или несакаме нема врска со реалноста.
ЦЦЦЦЦццццц новиот Еон, па новиот Еон.брееП.С. А за Новиот Еон ако сакаш да зборуваме, ќе мора од книги цитати да ми дадеш од каде ти имаш било каков став за нештото па трчаш тука да коментираш... онака, нема потреба да дискутираме.
Ако за тебе ова се глупости, што се замараш со темава? Ако нешто сметам за глупост, не трошам време на тоа нешто, ти што бараш овде?Затоа престанете со глупости кој сте ги научиле да ги изговарате наизуст демек нешто многу мудро кажувате и фрлете тоа книгите само ви го матат умот.Ништо ново не создавате ниту со нешто учествувате во создавање,сеуште сте дел од стариот еон и со него ќе бидете закопани.
Обично оние што сметаат дека треба да не претстават како нешто опасно или перверзно, се луѓе кои мислат дека ние треба нешто допрва да направиме, не сваќаат дека законот на телема е насекаде околу нив. Тие го живеат тој закон, се повикуваат на него, се бунат кога некој ќе им го прекрши....
Само како илустрација ќе наведам неколку примери. Стариот еон е време кога жените немаат исти права со мажите, кога слободата на јавно изразување не е во основните човечки права, кога хомосексуалноста е казнива со закон, кога ропството сеуште е реалност....итн, итн.
Новиот еон - објавувањето на Законот се случува на 8, 9 и 10 април, 1904 година, во каиро. Само неколку години после ова, жените и официјално ги добиваат своите права, во годините и децениите што следат, се укинува казната за хомосексуалците, правото на јавно изразување и делување станува дел од основните човечки права. Со еден збор, индивидуалноста на поединецот станува се повеќе и повеќе драгоцена. Доволно е да го споредите Liber Oz со било кој демократски устав и сличностите ќе станат очигледни.
Далеку од тоа дека новиот еон го достигнал својот максимум, допрва ќе следат предизвици со кои човештвото ќе созрева се повеќе, но патот веќе е почнат, и инерцијата на новото време неможе да ја запрат духовите на старото време.
Затоа и реков дека телемата не е нешто кое треба да се случи допрва, туку е закон кој е насекаде околу нас и е закон кој луѓето го бараат доколку некој им го прекрши. Доколку решиш да убиеш хомосексуалец на пример, општеството ќе те осуди и казни - ќе делува според законот! Ако решиш да тврдиш дека жените не заслужуваат еднакви права со мажите, општеството повторно ќе те осуди! Пак ќе се соочиш со законот! Види ја Liber Oz и потоа види ги законите на државата во која живееш.
Проблемот е тоа што луѓето се кои следат некоја догма или филозофија почнуваат да се идентификуваат со истата,па кога се даде критика кон догмата или филозофијата тие го сметаат за лична навреда,како што е во случајот со вас двајца.Пак исто.
Не реков да си ист како мене. Ние сакаме варијации во согласност со твојата чиста волја. И да не се плаши човекот дека некој бог ќе го осуди заради тоа!
Темата ја користиш само за реклама,за секеј кој ќе дојде да праша нешто му се лепи етикета на неинформиран и притоа учтиво ќе си го изрекламираш блогот,па уште ако даде спротивно мислење се прави неупатен,седни загреј столчето,момак читни нешто и ред други работи,па тоа БАРЕМ НЕШТО ДА СЕ ЗАПОЗНААТ,ПРЕРАСНА ВО ЦЕЛА ЛИТЕРАТУРА.Темата треба да е отворена за прашања и мудрувања од луѓе кои се замориле да се запознаат барем нешто со Телемата.
Ти не си телема,не скокај само,ако ја критикувам телема не значи дека тебе како ЧОВЕК не те почитувам.Прочитај ми ја критиката упатена кон твоето коментирање тука. Јас никаде на пример не зборувам каков си ти, што ти имаш во предвид, што немаш, како ти доживуваш она или ова, што ти шета низ животот и смртта... Јас тоа не можам да го коментирам како ти што коментираш тука за мене, како да ме познаваш. Твоето е „како би сакал ти да бидеш навистина, не само во мојот ум.“
Јас го критикувам твоето незнаење за Телемата, твоето непознавање на познатите симболи, твоето непознавање на ниту едно дело од Кроули, од некои други автори битни за темава. Непознавање на основните езотериски философии, пракси, философии...
Хепта,мислам дека постирав доволно линкови да се види што прави еден таен ред како ште е ОТО.Ти не може да зборуваш за таен Ред што прави и како и што ќе промени. Мислам може да зборуваш и да се надеваш дека е така како што велиш.
Зошто го напиша (ти) со две големи букви?ТИ ќе умреш, твоите деца со време ќе умрат - но Редот, останува! Дали се разбираме? Така било и така е со еони.
Ништо не е точно од твојот коментар, само пуста желба твоите идеи за Редот (од кој што не потекнува Законот на Телема) да бидат вистина
Кој еон,брее зошто си правиш од чорапа- капа?Јас ништо не сум отпочнал.
Еонот е започант пред јас да бидам иницијант во О.Т.О. - еден од првите СТАРО-ЕОНСКИ Редови кои го прифатија Законот на Телема. Иако сум иницијант можеби толку години колку што ти се сеќаваш на своето постоење.
За тоа како е започнато и зошто, има историски белешки (не се, но доволно) - ќе мора да ги прочиташ за да бидеш во тек. Онака бесцелно е да коментирам во твој стил.
Очигледно е дека заслепено верувате во зборовите од вашиот пророк,залудно е на слеп човек да му се кажува како изгледа темнина,кога никогаш не видел светлина.И за Еонот претходно и денес:
Црните никогаш нема да сакаат промена! Тие секогаш ќе зборуваат како симболот Марија е совршенство за Жена! А тоа знаеме дека не е вистина! Жената не може да биде зад мажот, да нема пристап до Светилиштето! Секогаш ќе зборуваат како на Човекот му треба Спасител, од надвор (со мали „езотериски“ досетки како тој спасител е во секој, ама не баш така)! Тоа мора да се промени и се менува! Жената зад мажот? НЕ! Жената да не биде свештеничка? НЕ! Жената да не биде своја? НЕ! И илјада и една забрана за жената мора да се промени и се променуваат! Светот полека но сигурно се менува!
Не се создава СЕ ново. Тоа е глупо! Да имаш свет и да го уништуваш за да започнуваш се ново е дело на старо-еонскиот концепт на умирачките богови! Но денес (и претходно многу иницијанти) знаеме дека Сонцето не умира. Сенката на оваа проста планета и неспособноста на луѓето да го сфатат поголемиот план на нивното битисување било причина (и цел на Еонот) да се создаде мит кон воскреснувањето како „втор живот“ после смртта. Денес е сосема друг концептот.
За смртта, може да прочиташ во Liber CVI
Ми се пишува есеј