Телема

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Бидејќи темата е сега отклучена (а беше заклучена бидејќи се коментираше без да се прочита било што за философијата и праксата на Законот на Телема), сакам да имаме нов свеж почеток на „нов еон“ тука :)

Затоа сакам да споделам листа од книги кои би било пожелно да ги прочитате ( не сите ), да се запозанете со јазикот на Мајсторот, да се запозанете со философијата на Телемата како езотериска пракса, да размислите практично како некои работи би изгледале во општеството, да пробате одредени пракси и потоа да разговараме и дебатираме што и како би било ако би било. Не сакам напразни муабети и бесцелни прашања и потоа да се чудите зошто не се одговорени!

Повелете, еве ја таа „фамозна“ листа на книги кои ќе ве запознаат многу подобро за Редот и Телемата отколку расипани есеи по нетот што ги собирате од овој или оној кој што си има проблеми со Телемата. (некои од книгите имаат линкови и може да ги читнете, други е допишано дека се издадени на македонски јазик и може да ги имате дома)! Ако сакате да дознаете за философијата на некој философ, добро е да читнете негови книги, не што рекле други за него, нели! :)

Некои книги содржат пракси, некои философија. Ако барате некакви тајни, нема да ги најдете. Забрането е да се запишуваат.
Книгите што содржат пракси од листава, мудро да пробате да ги изведувате и да запишувате резултати - инаку нема да ви бидат од корист тие книги воопшто.

П.С. И прочитајте ги разликите на разните класи на книги под кои се издадени истите! За да нема забуни. Се читаме :)

Electra благодарам што ја отвори темава повторно... :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Бидејќи темата е сега отклучена (а беше заклучена бидејќи се коментираше без да се прочита било што за философијата и праксата на Законот на Телема), сакам да имаме нов свеж почеток на „нов еон“ тука :)
Ако добро разбрав,ти сакаш да го закопаме стариот Еон и да почнеме нов..?(smoke)
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Ако добро разбрав,ти сакаш да го закопаме стариот Еон и да почнеме нов..?(smoke)

Како што гледаш „нов еон“ е во наводници. Тоа значи да намалиш со препирање по темава и да почнеш да читаш книги за да може да дискутираме.
Да го заборавиме старото глупо и простачко зборување за работите без да се знае било што за нив освен од работи запишани на нет од луѓе кои исто така слабо се запозанени со Телемата, Кроули, О.Т.О. , магика, иницијации итн.
А и да е некој запознаен - нечии размисли и искуства за работите со сигурност не се ваши! Не може да земате став на некој и да го прифатите туку така за вистина. Како може да прифатиш нечиј став за Телемата или пак Кроули од луѓе кои се или христијани или воопшто незапознаени со делата кои зборуваат за Законот на Телема? Како ти зборуваш за Кроули кога не си прочитал ниту една негова книга за да му го разбериш дејствувањето на Земјата?
Онака, те пали како некој зборува лошо за Кроули или Телемата и ти по него :)

Би било мудро ако сакаш да коментираш по темава, да седнеш и да прочиташ некоја книга поеќе кои ќе ги обработуваат овие тематики што ги набројав. Онака ќе сметам дека се е простачки обид од твоја страна да ме навредиш загубен во своето незнаење за Телемата (иако има доволно запишано за да научиш).

Ете така, сега се надевам е појасно. ;)

П.С. А за Новиот Еон ако сакаш да зборуваме, ќе мора од книги цитати да ми дадеш од каде ти имаш било каков став за нештото па трчаш тука да коментираш... онака, нема потреба да дискутираме.
 
Какво фајде ако сите бидат исти и еден на друг си личат како јајце на јајце?
Подобро затворија темата. :cool:
Стариот еон е веќе закопан, тоа што ние сакаме или несакаме нема врска со реалноста.

П.С. А за Новиот Еон ако сакаш да зборуваме, ќе мора од книги цитати да ми дадеш од каде ти имаш било каков став за нештото па трчаш тука да коментираш... онака, нема потреба да дискутираме.
ЦЦЦЦЦццццц новиот Еон, па новиот Еон.брее
Првин треба да знаете како сето тоа функционира,значи доколку сакате да отпочнете нов Еон треба да ги имате сите работи во предвид бидејќи нов еон не значи само тоа што до доживувате во светот,туку и она кое доаѓа по напуштање на светот,а го викаат загробен живот.
Глупо би било да учестувавате во новиот еон од едната страна,а при тоа во него да ви шетаат духови од стариот еон,а тоа не е ново туку крпено на старото.Направете го обострано и од двете страни со што ќе треба да ги пуштите душите од стариот еон и никој повеќе да не го спомнува.
Кога се мисли ново,треба да се создаде с'е ново и од оваа и од другата страна,ако воопшто знаете како да ги поставите меѓите на световниот и загробниот живот.:nerd

Затоа престанете со глупости кој сте ги научиле да ги изговарате наизуст демек нешто многу мудро кажувате и фрлете тоа книгите само ви го матат умот.Ништо ново не создавате ниту со нешто учествувате во создавање,сеуште сте дел од стариот еон и со него ќе бидете закопани.:gjavol
 
Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Затоа престанете со глупости кој сте ги научиле да ги изговарате наизуст демек нешто многу мудро кажувате и фрлете тоа книгите само ви го матат умот.Ништо ново не создавате ниту со нешто учествувате во создавање,сеуште сте дел од стариот еон и со него ќе бидете закопани.:gjavol
Ако за тебе ова се глупости, што се замараш со темава? Ако нешто сметам за глупост, не трошам време на тоа нешто, ти што бараш овде?
П.С. Како потсетување што беше кажано предходно:
Обично оние што сметаат дека треба да не претстават како нешто опасно или перверзно, се луѓе кои мислат дека ние треба нешто допрва да направиме, не сваќаат дека законот на телема е насекаде околу нив. Тие го живеат тој закон, се повикуваат на него, се бунат кога некој ќе им го прекрши....
Само како илустрација ќе наведам неколку примери. Стариот еон е време кога жените немаат исти права со мажите, кога слободата на јавно изразување не е во основните човечки права, кога хомосексуалноста е казнива со закон, кога ропството сеуште е реалност....итн, итн.
Новиот еон - објавувањето на Законот се случува на 8, 9 и 10 април, 1904 година, во каиро. Само неколку години после ова, жените и официјално ги добиваат своите права, во годините и децениите што следат, се укинува казната за хомосексуалците, правото на јавно изразување и делување станува дел од основните човечки права. Со еден збор, индивидуалноста на поединецот станува се повеќе и повеќе драгоцена. Доволно е да го споредите Liber Oz со било кој демократски устав и сличностите ќе станат очигледни.
Далеку од тоа дека новиот еон го достигнал својот максимум, допрва ќе следат предизвици со кои човештвото ќе созрева се повеќе, но патот веќе е почнат, и инерцијата на новото време неможе да ја запрат духовите на старото време.
Затоа и реков дека телемата не е нешто кое треба да се случи допрва, туку е закон кој е насекаде околу нас и е закон кој луѓето го бараат доколку некој им го прекрши. Доколку решиш да убиеш хомосексуалец на пример, општеството ќе те осуди и казни - ќе делува според законот! Ако решиш да тврдиш дека жените не заслужуваат еднакви права со мажите, општеството повторно ќе те осуди! Пак ќе се соочиш со законот! Види ја Liber Oz и потоа види ги законите на државата во која живееш.
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Пак исто. :)
Не реков да си ист како мене. Ние сакаме варијации во согласност со твојата чиста волја. И да не се плаши човекот дека некој бог ќе го осуди заради тоа!

Темата треба да е отворена за прашања и мудрувања од луѓе кои се замориле да се запознаат барем нешто со Телемата.

Прочитај ми ја критиката упатена кон твоето коментирање тука. Јас никаде на пример не зборувам каков си ти, што ти имаш во предвид, што немаш, како ти доживуваш она или ова, што ти шета низ животот и смртта... Јас тоа не можам да го коментирам како ти што коментираш тука за мене, како да ме познаваш. Твоето е „како би сакал ти да бидеш навистина, не само во мојот ум.“

Јас го критикувам твоето незнаење за Телемата, твоето непознавање на познатите симболи, твоето непознавање на ниту едно дело од Кроули, од некои други автори битни за темава. Непознавање на основните езотериски философии, пракси, философии...
Ти не може да зборуваш за таен Ред што прави и како и што ќе промени. Мислам може да зборуваш и да се надеваш дека е така како што велиш.
ТИ ќе умреш, твоите деца со време ќе умрат - но Редот, останува! Дали се разбираме? Така било и така е со еони.

Ништо не е точно од твојот коментар, само пуста желба твоите идеи за Редот (од кој што не потекнува Законот на Телема) да бидат вистина :)
Јас ништо не сум отпочнал. :sram

Еонот е започант пред јас да бидам иницијант во О.Т.О. - еден од првите СТАРО-ЕОНСКИ Редови кои го прифатија Законот на Телема. Иако сум иницијант можеби толку години колку што ти се сеќаваш на своето постоење.

За тоа како е започнато и зошто, има историски белешки (не се, но доволно) - ќе мора да ги прочиташ за да бидеш во тек. Онака бесцелно е да коментирам во твој стил.

И за Еонот претходно и денес:
Црните никогаш нема да сакаат промена! Тие секогаш ќе зборуваат како симболот Марија е совршенство за Жена! А тоа знаеме дека не е вистина! Жената не може да биде зад мажот, да нема пристап до Светилиштето! Секогаш ќе зборуваат како на Човекот му треба Спасител, од надвор (со мали „езотериски“ досетки како тој спасител е во секој, ама не баш така)! Тоа мора да се промени и се менува! Жената зад мажот? НЕ! Жената да не биде свештеничка? НЕ! Жената да не биде своја? НЕ! И илјада и една забрана за жената мора да се промени и се променуваат! Светот полека но сигурно се менува!

Не се создава СЕ ново. Тоа е глупо! Да имаш свет и да го уништуваш за да започнуваш се ново е дело на старо-еонскиот концепт на умирачките богови! Но денес (и претходно многу иницијанти) знаеме дека Сонцето не умира. Сенката на оваа проста планета и неспособноста на луѓето да го сфатат поголемиот план на нивното битисување било причина (и цел на Еонот) да се создаде мит кон воскреснувањето како „втор живот“ после смртта. Денес е сосема друг концептот.

За смртта, може да прочиташ во Liber CVI :)

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Пак исто. :)
Не реков да си ист како мене. Ние сакаме варијации во согласност со твојата чиста волја. И да не се плаши човекот дека некој бог ќе го осуди заради тоа!
Проблемот е тоа што луѓето се кои следат некоја догма или филозофија почнуваат да се идентификуваат со истата,па кога се даде критика кон догмата или филозофијата тие го сметаат за лична навреда,како што е во случајот со вас двајца.
Темата треба да е отворена за прашања и мудрувања од луѓе кои се замориле да се запознаат барем нешто со Телемата.
Темата ја користиш само за реклама,за секеј кој ќе дојде да праша нешто му се лепи етикета на неинформиран и притоа учтиво ќе си го изрекламираш блогот,па уште ако даде спротивно мислење се прави неупатен,седни загреј столчето,момак читни нешто и ред други работи,па тоа БАРЕМ НЕШТО ДА СЕ ЗАПОЗНААТ,ПРЕРАСНА ВО ЦЕЛА ЛИТЕРАТУРА.(facepalm)
Прочитај ми ја критиката упатена кон твоето коментирање тука. Јас никаде на пример не зборувам каков си ти, што ти имаш во предвид, што немаш, како ти доживуваш она или ова, што ти шета низ животот и смртта... Јас тоа не можам да го коментирам како ти што коментираш тука за мене, како да ме познаваш. Твоето е „како би сакал ти да бидеш навистина, не само во мојот ум.“
Ти не си телема,не скокај само,ако ја критикувам телема не значи дека тебе како ЧОВЕК не те почитувам.
Не коментираш!!!?:eek
Јас го критикувам твоето незнаење за Телемата, твоето непознавање на познатите симболи, твоето непознавање на ниту едно дело од Кроули, од некои други автори битни за темава. Непознавање на основните езотериски философии, пракси, философии...
Ти не може да зборуваш за таен Ред што прави и како и што ќе промени. Мислам може да зборуваш и да се надеваш дека е така како што велиш.
Хепта,мислам дека постирав доволно линкови да се види што прави еден таен ред како ште е ОТО.
ТИ ќе умреш, твоите деца со време ќе умрат - но Редот, останува! Дали се разбираме? Така било и така е со еони.
Зошто го напиша (ти) со две големи букви?:nerd
Погледни го мојот аватар.(nod)
Ништо не е точно од твојот коментар, само пуста желба твоите идеи за Редот (од кој што не потекнува Законот на Телема) да бидат вистина :)
Јас ништо не сум отпочнал. :sram

Еонот е започант пред јас да бидам иницијант во О.Т.О. - еден од првите СТАРО-ЕОНСКИ Редови кои го прифатија Законот на Телема. Иако сум иницијант можеби толку години колку што ти се сеќаваш на своето постоење.

За тоа како е започнато и зошто, има историски белешки (не се, но доволно) - ќе мора да ги прочиташ за да бидеш во тек. Онака бесцелно е да коментирам во твој стил.
Кој еон,брее зошто си правиш од чорапа- капа?
Еонот за кој зборуваш е само дел од целата креација и неговата промена.
Тоа што следите една филозифија и таа своето постоење го обележала со нејзиното настанување не значи дека отпочнал новиот еон,ако воопшто знаете што значи тоа.
И за Еонот претходно и денес:
Црните никогаш нема да сакаат промена! Тие секогаш ќе зборуваат како симболот Марија е совршенство за Жена! А тоа знаеме дека не е вистина! Жената не може да биде зад мажот, да нема пристап до Светилиштето! Секогаш ќе зборуваат како на Човекот му треба Спасител, од надвор (со мали „езотериски“ досетки како тој спасител е во секој, ама не баш така)! Тоа мора да се промени и се менува! Жената зад мажот? НЕ! Жената да не биде свештеничка? НЕ! Жената да не биде своја? НЕ! И илјада и една забрана за жената мора да се промени и се променуваат! Светот полека но сигурно се менува!

Не се создава СЕ ново. Тоа е глупо! Да имаш свет и да го уништуваш за да започнуваш се ново е дело на старо-еонскиот концепт на умирачките богови! Но денес (и претходно многу иницијанти) знаеме дека Сонцето не умира. Сенката на оваа проста планета и неспособноста на луѓето да го сфатат поголемиот план на нивното битисување било причина (и цел на Еонот) да се создаде мит кон воскреснувањето како „втор живот“ после смртта. Денес е сосема друг концептот.

За смртта, може да прочиташ во Liber CVI :)
Очигледно е дека заслепено верувате во зборовите од вашиот пророк,залудно е на слеп човек да му се кажува како изгледа темнина,кога никогаш не видел светлина.:(
Промената е соодветна на човековата промена,па не треба светот да се истражува и универзумот за да се научат кои се тие промени,доволно е себеси човек да се спознае.
Денешниот концепт за кој збориш е дел од една креација,како што горната и долната глава на мажот се од исто тело,но со спротивност така да едната сее смрт(умирачкиот бог),а другата живот.
Самиот можеш сега да разбереш дека од појавувањето на вашиот пророк до кој дел креацијата стигнала:sram,за одма поле тоа се појават двата столба (нозете) со права колку едното толку и другото.

Се согласувам со вас дека сте следбеници на филозофија која во својата основа ја има сексуалната слободата со еден единствен закон прави што ти е волја и тое нека биде целиот закон,но од целата креација со наш речник кажано вие сте иницирани следбеници .......(цензура) :D
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Ми се пишува есеј :)
Ова ќе се измени и ќе оди на мојот блог. Со мали измени и уште нешто инфо со линкови и слично.
Да почнеме:

1. Темата е Телема. Ја користам за се и сешто во рамките на правилата на форумите. И има литература за Телемата и праксите и тоа на македонски јазик и може секој што ги интересира да ги има книгите дома и да прочита, размисли, да види дали сето тоа е блиску до неговата суштина или не. Треба да се чита, да се дознае. Доаѓаш прашуваш или дебатираш, ти се кажува каде грешиш или каде се сложуваме со вас во врска со Телемата и ако сакаш одиш и проверуваш што ти е кажано. Не пишуваш се и сешто незапознаен со работите. Тоа кој го прави?
Мојот блог по некоја случајност се заморува со телемата, ритуали, О.Т.О., езотерија... така да мислам дека е валиден извор кој што ќе те однесе да проучуваш и на други места. Не велам да ми верувате. Јас мразам верување. Проверувајте! Верувањето раѓа догми! Затоа постојат религиите. Верувањето ако не се надмине со знаење, за да роди верување во подобро - нека умре.
2. Твоите линкови се покажаа без врска, ставени и на кајгана форумов. За О.Т.О. секој шарлатан пишува сешто за да добие лесни пари или читаност. Секој може да ги провери колку се веродостојни. Како на пример како О.Т.О. изведува ритуали на гробишта. Што бараме ние на христијански гробишта или било какви места каде што се слави смртта? Нели велиме дека нема повеќе смрт за човекот? Видете ја Книгата на Законот, не бидете инаетчии. Нема што да се дискутира за тоа. За таротот праша, ти се одговори. Ти запна да се тегавиш без волја да научиш нешто поеќе.
3. Ти не ја критикуваш Телемата. Ти даваш свои видувања за нешто што не си воопшто запозанен со истото. Не си прочитал ниту едно дело кое ја објаснува Телемата. Ти не може да критикуваш така.
4. ТИ го напишав по грешка, треба Ти. :)
5. Ете последниот дел од твојот „есеј“ не е критика. Туку твој став за работите. Ти зборуваш за сите други како се слепи, освен ти кој што не знаеш ништо за Телемата и ќе останеш неук во врска со темава :) Ете ми велиш „очигледно верувате“, па потоа како ние сме слепи а ти убаво ни даваш светлина. Премногу пророци станавте без ука. :( Значи твојот став и разбирање на универзумот е твој. Тоа е Телема! :) Дали ние коментираме за твоето разбирање? Не :) Не ни е грижа.
6. Еонот на Детето е започнат! Се е игра, се е искуство! Нема Грев. Зборот на Гревот е Ограничување! Нормално, Црните пробуваат да прикажат како слободата и волјата на човекот е ништо, дека мора да се страда и да се чека спасение. Тоа се последните крикови на креаторите на староеонските формули кои не разбираат дека се е промена, како што кажа ти! Сонцето дознавме дека не умира! Не можеда направиш човекот што видел нешто да заборави дека го видел и спознал!
И ти самиот велиш: секој мора да се истражи себе си и да знае за што е способен тука на Земјата и како максимално да се исполни неговиот универзум со искуства! ТОЧНО! Само што ние додаваме: никој нема право да стои на патот на другиот (посебно ако едниот ја извршува својата чиста волја), ниту човек ниту бог.
Со други зборови за секој Хадит има бесконечно многу простор во Нуит! Само треба да се прочита „Книгата на Законот“ на која се темели Телемата и секој да разбере колку што може подобро што се зборува во таа мала книшка од три поглавја.

И за да те поправам на крајот во врска со Законот на Телема:
Не е Законот на Телема закон во чија основа е сексуалната слобода! Телема значи ВОЛЈА! За каква волја се работи, мислам дека нема потреба да се пишува пак. Пишувано е мал милион пати!
Не е Законот на Телема САМО прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон!
Го забораваш битниот дел, или никогаш не си го знаел - или не сакаш да го напишеш, а тоа е: Љубов е законот, љубов под волја! ;)

Ќе научиш ти по нешто за Телемата и ќе правиме многу добри муабети. А не вака полн со омраза и кон Кроули, и кон философијата на Телема (Волја) и Законот на Агапе (Љубов) и кон Редот и кон иницијанти се останато што те мачи :)