Ок, повели одговор: Телемитот е потребно да ја прифати Liber Al, т.е во нејзината симболика да ја препознае сопствената претстава за божественото. Дали тоа ќе биде теистички, гностички, пантеистички, деистички...или било каков друг концепт за Бог, зависи само и исклучиво од таа личност. Има телемити кои се атеисти, т.е божественото за нив е природата - универзумот! Како и зошто незнам, тие си знаат, има гностици, има пантеисти....повели..!
Дивинација е,читај на глас!
Не поставив прашање на тема општо за религија,поставувам прашање на телема и ако ти е волја одговори,ако не немораш.
Имате или немате бог ,па тој и да е бело глувче за вас,.?
Што значи, прашањето "кој бог" насочено во колективна смисла за сите телемити е бесмислено, затоа што тука не се работи за догма во која сите подеднакво веруваат, телемитот не верува, туку се стреми да осознае.
Тоа што е битно во врска со твоево прашање е дека сепак има нешто кое е заедничко, тоа е објаснето во Liber II, каде се вели следново:
Сега секој би требало совршено едноставно да ја сфати Пораката на Мајсторот Терион. Ти мораш
(1) да откриеш што е твоја Волја.
(2) Да ја извршуваш таа Волја со а) едно-насочност б) непристрасност ц) мир.
Тогаш и само тогаш, ти си во хармонија со движењето на Работите, а твојата волја е дел од Божјата, и спрема тоа еднаква на неа.П.С. Во контекст на горенаведеново зборува и овој текст: За природата на Телемата