Еден ден, еден сиромашен човек одел од врата на врата и барал помош. Поѕвонел на една убава куќа, а богатиот домаќин се мислел што да му даде и на крај му дал корпа полна со ѓубре.
Сиромавиот се насмевнал ја зел корпата и заминал.
Ја испразнил, ја исчистил и ја наполнил со преубави цвеќиња.
Се вратил кај истиот богаташ и му ја дал истата корпа.
Богатиот се зачудил и му рекол: зошто ми ја даваш оваа корпа полна со убави цвеќиња, кога јас тебе ти ја дадов полна со ѓубре?
А, сиромавиот му одговорил: СИТЕ ГО ПОДАРУВААТ ОНА ШТО ГО НОСАТ ВО СРЦЕТО!