Сакам да кажам/Сакам да прашам

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Во државава наша има канцер. Опасен канцер кој полека, ама сигурно фрла метастази насекаде. И така, она што е здраво во организмот полека го нема, она што го расипува се повеќе се шири, оној дел со можност нешто да поправи одамна го снема, заминал, за повеќе од половина луѓе магарето лета и тоа заедно со самарот, Зоки Человски од Фаци промовира Македонски "старлети", а Македончето не плаче за ракот, плаче оти Пандев си одлучил да замине од репрезантицијата. Паметно си направи човекот, мене ако ме прашате.
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
СДК Rubik's revenge (4x4x4) Has been solved : ) Just to speed up the process ..
1471287_176944089170370_861789802_n.jpg
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
На постарине им треба повеќе вовед во основна култура отколку нам.
Посебно на поодминати пастуви што се палат на млади коковчиња и не бираат „комплименти“. Одвратно.
Ма, ни треба една тотална ревизија на културата како поим.

И не ми е јасно како овој (пардон, прост) народ толку се пали на наслови од типот на „Разголената Марјана во прегратка со непознато згодно момче“...мислим, фасцинантен опис и уште пофасцинантни коментари од културни господа (неретко со сопруги и деца по сликите) со прекрасни манири, стилски изразувања и краснопис, кои радо би го замениле непознатото згодно момче.
Или „Згодната српска старлета има потекло од Крива Паланка“. Отварајте шампањот, славиме факт за гордеење.
Сакав денеска (веќе вчера) барем 2-3 реда да прочитам во чест на една многу по-fabulous икона која оставила толкави печати, но веројатноста полуписмениве квази новинари, кои се занимаваат со примитивни трачеви, да знаат за оваа личност е еднаква ко и веројатноста Саше Политико да каже нешто паметно.
Заеби. Одам да проверам каков мрсул ќе ми капне од левата ноздра според хороскопот.
Ама прво да прокоментирам дека Бибер е п***р на најновиот трач. :cool: (уа за автоматскава цензура)

И така, во пет сабајле си правам чистка од таквите разочарувачки ванаби портали.
Да плаќаш интернет за да читаш идиотски статии (ако за статија сметаме 3 лошо-преведени-од-српски реченици) е исто ко да платиш проститутка за муабет.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
замисли. за четири сати треба да станам за на работа. офффф. ме уби овој преминов од социјализам во феудализам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Outrider

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Не си експерт ни професионалец за нешто, ако си учел за добра оцена или си се трудел поради задни намери, со цел да станеш нешто или да наследиш некој, да живееш во подобро утре или во подобар живот и подобра иднина...
Оној момент кога имаш некој поради кого си станал од хигиеничар до магионичар и народен лекар, си истражувал и учел, барал и усовршил нешта кои би му помогнале или биле од корист, тогаш дефинитивно си докторирал за таа тематика и нема никој жив, па макар прочитал и милиони книги, бил подучен од девет научници и големи умови и завршил седум факултети, што може да застане рамо до рамо со тебе и да ти конкурира против се она што си го поминал, научил и искусил...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Леее, а јас само чекав кај мене да никне нешто, па пред бан да си нарачам жишка цлубвеар.
Ништо, ми ги неќат подфорумине. :nah

Туку, ситниве саати ми се дефинитивно време за откритија. Ко морон во 3:30 сабајле го гледам „документарецот“ на Иван Исцелител насловен IVAN ISCELITEL FULL MOVI 2005 YEARS (what is this, I don't even...)
А во него:
Е, сега драги гледачи, да ви објаснам значи што лечам, кои болести...
Почнува: главоболки, депресија, шизофренија, србизам (?), криви очи, тахикардии...
5 minutes later
...шум на срце, шлог, тромбоза, говор, слух, гастритис, чир, цревни заболувања...
5 minutes later
...стерилитет, цисти, реума, камен во жолчка, камен во бубрези, шеќер, дијабетес :D...
5 minutes later
...спонделоза, жолтица, канцер, рак, леухемија, кучешка тенија, епилепсија...
one eternity later
...детски глисти, хепатит А, Б и Ц, парализи и многу други болести.
Phew.

Или не?
Растурање на магии...баење, страв, уроци, ноќно мокрење, жолтица, за среќа во работа/брак/учење.

Кој ѕвер е, не му чука еј! :D