Филмски свет- генерална дискусија (внимание - спојлери!)

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Kaarikuto мене пак многу ми беше интересен филмот High tension , посебно тоа што и од кога ќе заврши уште не знаеш кој е убиец. Јас неколку пати го имам гледано. Инаку не можам да најдам некој добар хорор во последно време (facepalm) ај препорачај нешто..
 
Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Kaarikuto мене пак многу ми беше интересен филмот High tension , посебно тоа што и од кога ќе заврши уште не знаеш кој е убиец. Јас неколку пати го имам гледано. Инаку не можам да најдам некој добар хорор во последно време (facepalm) ај препорачај нешто..

Не е нешто нов филмов, ама прилично сум сигурен дека не си ни слушнала за него... Martyrs..

Француски е, малку е брутален ама има јака содржина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kitty

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Ги има... Некои погоре ги наброја DarkPassenger као скоро секој со Нортон, Clockwork orange, Black Hawk down, V....
V а?
Сакаш сега да ти ископам бар два поста кај што го хејташ филмов на големо, а си го ставил во омилени некогаш?
Многу си контрадикторен Саладине, многууу...
:zelen
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
V а?
Сакаш сега да ти ископам бар два поста кај што го хејташ филмов на големо, а си го ставил во омилени некогаш?
Многу си контрадикторен Саладине, многууу...
:zelen

тролололо? аааакооо ааакооо си признавам грешки.:zelen
Не, сериозно сеа, во последниве 2 години толкава популарност доживеа филмот особено кај нас и по социјалниве мрежи, така што како што секој се поистоветува со ликот на V, така самата смисла на филмот се` повеќе и повеќе се губи и станува контрадикторна. Филмот сам по себе не е толку лош, (акција, реакција), но целата поента е изгубена веднаш по неговото омасовување. Тоа докажува колку општеството навистина му е потребен лидер наспроти оноа што самиот филм пропагира - да си биде доволно само за себе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Magnolia
Филмов мислам дека рекорден број на пати го почнав, па го баталив.
Тоа што Том Круз е во него ќе се трудам да не го коментирам, башка и таму е еден вид на торко, запотен и залижан, онака како и што си го доживувам.

Филмот како филм (го пишувам тука зошто не сум го изгледала сеуште) ми изгледа(ше) примамливо. Името, постерот, оцената која му е доделена на ИМДб (8.0). Дури и почетокот е така убаво скоцкан што ако сте тип на луѓе со мој вкус, ќе си помислите е ова ми личи на филм што би сакала да го гледам дефинитивно. Почетокот ветува многу.

Ама... Како оди приказната понатаму, се појавуваат многу нови ликови, нови случки, ни еден со друг не се поврзани, различни класи и карактери, чудни ликови... Бар до онаму каде што сум стигнала.
И се обидувам, ама не можам да се сконцентрирам на филмов.
А уште трае и точно 3 сати.

И сакав да прашам, ако воопшто има некој што го гледал, вреди ли да му дадам шанса, заслужена ли му е оцената?
 
Вреди. И покрај Том Круз, вреди.

Само како што ти кажав и порано, изискува мноогу концентрација.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
А бе Хоуп што толку правила овде па дури и бришење да се спомнува, секој нека си пише како знае, сега неможеме формулари да потполнуваме за секој филм, за да се усогласиме. Мислам дека името на филмот, слика и тоа дали е добар или не мене на пример ми е доволно. Ете ако прочитам кратка содржина мене ептен ми влијае дали да го гледам или не. И јас почнав едно време да раскажувам нели безвеза овде ама се управив. :eek:
И дај препорачај некое филмче добро...
Пробај да пишуваш повеќе.
Бар кажи ја содржината на филмот, околу што се одвива дејството, без да го раскажеш крајот или некој битен сегмент.
Пиши ги бар актерите, жанрот на филмот, оцена на имдб, твоја оцена...
Не ти барам формулари. Реченица плус бар од "добар е гледајте го".
Еве ти помош. Гледам си напишала за анимираниот филм Фрозен добар е гледајте го. Си можела и вака некако на пример:

Frozen (2013)
animation/adventure/comedy
IMDb-8.1

images

Авантурата на Ана, Кристоф и снешкото Олаф низ царството во кое владее бескрајна зима.
Добро анимирано филмче, ќе ве насмее и расположи.
Посебно се поклопува со зимската идила надвор, совршен филм за гледање на топло.
Го препорачувам, од мене има 9ка.

Ете, не е ништо страшно и најкратко кажано :)

Не знам хорор не сум гледала одамна, а и плус видов некаде дека си пишала дека не сакаш веќе хорори. Што жанр гледаш највеќе сега?
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Kitty и Хоуп, може еве тука да се ставаат тие мислења. Не дека правила си се правила но да речеме некој утре ќе сака да ја отвори таа тема со рецензии од по неколку реда и ја види истата бомбардирана со мислења од една реченица и слика/спојлери на кило, веднаш ќе изгуби желба и ќе си рече - абе што и јас да се замарам. Право на збор си е право на збор, ете нека биде овде, ако немаш во моментот инспирација да пишеш неколку реда. Не е фер пред се кон оние кои ќе се потрудат да напишат поголем пост со свои зборови, притоа осмислувајќи кој дел да го изложат кој би ги поттилнал тукашниве членови. Се разбира не секогаш се има таа инспирација за пишување долги рецензии, но кога се има, нека биде онаму каде се бара рецензија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Змејче сега го симнувам The Bell Witch Haunting
ај и јас да видам каков е, по твоја препорака ова..
и ај некој нека ми препорача нешто слично на Wrong turn, The hills have eyes, такво нешто ми се гледа, јас ич не сакам со духови..
 
Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
види изгледај го, мене ми беше ко добар, секој си има свој вкус :zelen
e Kitty и за The Call да подискутирам, филмчево е мноооогу добро, одличен трилер со Хали Бери, го имам одамна изгледано и стварно девојкава ја бива за вакви сериозни улоги...ништо чудно и пак да си го ѕирнам :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kitty