Филмски свет- генерална дискусија (внимание - спојлери!)

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Извини вака што ќе ви ја уништам сликата за уникатноста и оригиналноста што ја имал филмов, ама што се тиче мене го ставам во филмови што не би ги препорачала. Бавна и глупа приказна за двајца ко божем налудничави пријатели кои по сплет на околности ќе доживеат совршена љубов и магично ќе се излечат од параноите и проблемите што претходно ги имале. Пффф..
Верувај дека дур го гледав губев надеж дека некогаш ќе излезе добар нов филм...
Не знам зошто толку е исфорсиран и сакан филмов. Покрај такви филмишта како летот над кукавичкото гнездо и слични со налудничави ликови, да стои и оваа повраќаница... Е не можам да се помирам :zelen

Абе сега бараше филм со лудаци, а не да биде подобар од Летот. И јеа, филмот ми беше доста интересен, ај адмит ит. :zelen Летот ако збориме е ненадминат на таа тема, и тешко дека ќе го одмине некој филм.
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Јас да се умешам за глумиците за кои зборите. :zelen

Мене Лоренс ми е cute, али пред се на неа налетувам на tumblr со разни интервјуа и знае многу често да ме насмее. Но, мислам дека има многу леб да јаде за да го стигне нивото за Оскар. А за филмот конкретно SLB мене океј ми е, не ми е кој знае што, ама не ми е ни лош. Јас го препорачувам овој филм со неа - Winter's Bone.

За Јохансон - Ghost World (иако е малце тинејџерски, баш е добар). Иначе, не ја сакам баш, нешто ми е одбивно кај неа.

За Портман увек го препорачувам - V for Vendetta (иако прочитав некаде дека на Саладин не му се допаѓа). Едно време кога правев маратон на Joseph Gordon Levitt, налетав на еден филм со неа, можете да го ѕирнете - Hesher. Од овие 3 глумици, би рекла дека Портман ми е најдобра.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and Хоуп*

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Абе сега бараше филм со лудаци, а не да биде подобар од Летот. И јеа, филмот ми беше доста интересен, ај адмит ит. :zelen Летот ако збориме е ненадминат на таа тема, и тешко дека ќе го одмине некој филм.
Почитувам јас туѓи мислења и вкусови, ок е ако ти се допаднал, мене воопшто, а и заприметив јас и ти немаме баш ист, па ни сличен вкус за филмови, освен оние филмишта што стварно се неднаминливи. Ти сакаш секакви филмови, гледаш се, па ако не ти се допадне ок, ако ти се допадне го даваш како препорака, додека јас мака мачам дур да седнам да гледам филм... Сакам одреден жанр, одреден тек, одреден крај... Многу ситничарам, многу барам, гледам рецензии, препораки и оцени пред да го гледам, може многу и барам, па и се замарам, сакам секој филм да биде подобар од претходните, а за жал ќе морам да се помирам вака со просечни филмчиња ко овој твојот.
Глупости. Ако сакаш совршен филм, седни и напиши го, така ти доаѓа да пишеш нели :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

Последното, врв :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Инаку немав време вчера за поопширен пост, ама ова твоево е како ми се јаде нешто благо, ама на диета сум. Мислам не можеш да очекуваш секој филм што ќе го гледаш да биде подобар од претходниот. Како ќе знаеш што е лош филм, ако не си изгледала некој?
И имаше грешка погоре, не гледам секакви филмови, во последно време нискобуџетни слабо поднасам, а и по хорорите не сум. :zelen
Годинава чинам ќе гледам само топ 250 филмчиња според ИМДБ да гледам, а први ми се Стар Ворс после кој знае колку време двоумење. :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Кој ти кажал дека немам гледано лош филм? Баш од многуте такви што сум ги изгледала сега толку ситничарам со барање оцени и критики за филмот. Не дека сум на диета, а ми се јаде нешто благо :zelen И не ја гледам тука поврзаноста....
 
The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Кој ти кажал дека немам гледано лош филм? Баш од многуте такви што сум ги изгледала сега толку ситничарам со барање оцени и критики за филмот. Не дека сум на диета, а ми се јаде нешто благо :zelen И не ја гледам тука поврзаноста....

Епа ти се гледа некој добар филм, ама додека да седнеш да го изгледаш ќе се продвоумиш 5 пати. :D
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Епа ти се гледа некој добар филм, ама додека да седнеш да го изгледаш ќе се продвоумиш 5 пати. :D
Па не баш ако си го најдам сама, како што и најчесто си ги наоѓам. Си го знам вкусот најдобро и знам што може да ми се допадне, па затоа и ретко се разочарувам. Препораки многу слабо, освен ако не видам дека некој е ептен восхитен од филмот, па сто пати ми го предложил и не се откажува :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Па не баш ако си го најдам сама, како што и најчесто си ги наоѓам. Си го знам вкусот најдобро и знам што може да ми се допадне, па затоа и ретко се разочарувам. Препораки многу слабо, освен ако не видам дека некој е ептен восхитен од филмот, па сто пати ми го предложил и не се откажува :zelen

Значи нареден пат да напињам по 100 пати? :rofl Or you don't trust me anymore? (worried)
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Значи нареден пат да напињам по 100 пати? :rofl Or you don't trust me anymore? (worried)
Не ни така нема да поминеш :D
Ти сакаш мирни драми со среќен крај, јас сум повеќе по мистериите, нешто што ќе те натера да мислиш, да предвидуваш и на крај да останеш со подотворена уста, ти сакаш авантури со некои митски суштества, пирати, диносауруси, киклопи, а јас нешто со патување низ времето, менување на минатото/иднината, ти сакаш хорори со зомби, додека јас сакам да гледам духови (ова слаби сме со хорорите и двата, ама и тука различен ни е вкусот). Ти сакаш и романтични филмови, а јас повеќе милувам да ја гледам истрагата кога тие две гулапчиња биле најдени под мост со пресечени грклани...
И за комедиите си голем буквалист...
Уште да ти зборувам за вкусовите? :zelen